9/11-како беше пред 10 години?! Видео записи од целиот настан кој го потресе светот!

popara11 септември, 20111min00
9-11_Statue_of_Liberty_and_WTC

Терористичките напади врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон беа спроведени од страна на членовите на Ал Каеда.

Тие со четри панички авиони, претходно киднапирани ги извршија нападите врз американските симболи.

Загинаа најмалку 2980 луѓе. Пред почетокот на работниот ден, утрото во Њујорк во вторник 11 септември 2001 година. , денот беше сончев, со речиси идеални атмосферски услови. И тоа утро,  вообичаената врева се шири насекаде, тоа се должи на градежните работи на улиците на Големото јаболко.

Погледот од двете кули на Светскиот трговски центар се протега колку што е дозволува чистиот воздух во еден голем град кој никогаш не спие.

Убав поглед на една од кулите имал снимателот на комуналното претпријатие, чии што вработени извршувале интервенција на канализациските цевки.

http://www.youtube.com/watch?v=SrHvSE_4JJQ

Во исто време, во Њујорк, првичен шок од фактот дека “исчезнал” цел патнички авион во внатрешноста на зградата со повеќе од 100 спрата. Пожарникари, медицински тимови и други спасувачки служби брзаат што е можно поскоро да ги спасат повредените и да ја евакуираат зградата. Сепак, беше најавено дека зградата е безбедна.

Триесет минути после првиот удар, сите очи се вперени во јужната кула од Светскиот трговски центар очевидците и камерите приметуваат уште еден авион кој се упатува кон еда од кулите близначки.

http://www.youtube.com/watch?v=TJOwttgBpzE

Точно во тој момент, претседателот на САД, Џорџ Буш (George W. Bush) се наоѓа во една училница во основното училиште во Сарасота, Флорида. Неговиот советник Карл Ров  (Carl Rove) му соопштува дека и втор авион удрил во кулите близначки.

Подоцна, неколку минутното молчење, на претседателот Буш, и покрај сериозноста на ситуацијата, ќе станат предмет на критика.

Дури тогаш, стана јасно дека е невозможно за пола час да се случат две големи грешки кај контролата на летови, да патнички авион најпрво удри во едната, а потоа и во другата кула. Во тек беше тоа што никој ни на сон не го очекуваше – започна “напад врз Америка”. Потврда за тоа стигна за неполни 30 минути, патнички авион се сруши и врз Пентагон, седиштето на Генералштабот на Армијата на САД и Министерство за одбрана.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Mpc2OuJPOog

Уништен е дел од петоаголната зграда во Арлингтон, Вирџинија, но без некои големи оштетувања. Погинати 125 луѓе во зградата и сите 64 патници во авионот. Военото воздухопловство на САД и Цивилниот авиотранспорт (Faa) во тоа време веќе издаваат наредба веднаш да се забрани цивилниот авиосообраќај  на територијата на САД – дозвола за летање имаат само воени авиони и полициски хеликоптери.

http://www.youtube.com/watch?v=SYcH-H8yKb0

Додека спасувачките екипи и пожарникарите еден час по ударот на првиот авион во зградите пробуваат да извлечат што е можно повеќе повредени и преживеани, јужната кула се руши.

За сето тоа веме, во авионот со број на лет 93 на компанијата Јунајтед ерлајнс, кој летал над Пенсилванија,  се одвивлала цела драма. Во 09:23 пилотите биле информирани за киднапирања и за удар на авион во Светскиот трговски центар.

И патниците благодарение на мобилните телефони дознаваат што се случува, и да сфаќаат дека и тие се предвидени за жртви на нападот. Се претпоставува дека цел на киднаперите на авионот била Белата куќа или зградата на  Конгресот,  во Вашингтон.

Од пораки и јавувања од мобилни телефони, како и од снимката на “црната кутија” утврдено е дека киднапирањето било извршено во 09:28 часот . патниците се обидуваат да го спречат самоубиствениот напад, но киднаперите одлучуват да го соборат авион. Авионот се руши во близина на градот Шенксвил, Пенсилванија.

Додека информаците за нападите се шират низ земјата и светот и втората  северната кула се руши и се губи во своите темели.

http://www.youtube.com/watch?v=QsbfhAFcxGk

Облак од прашина, шут, канцелариски материјали го опфаќаат Менхетен, додека жителите и посетителите во паника го напуштаат тој дел на Њујорк.

Градоначалникот Рудолф Џулијани (Rudolph Giuliani) нареди евакуација на целиот Менхетен.

http://www.youtube.com/watch?v=4T8GINqwHpI

Следи низа случувања, од масовно напуштање на Менхетен, па се до лажни информации за други терористички напади.

Се дознава дека се работи за “акт на војна” кои ја извршиле Осама бин Ладен (أسامة بن لادن) и неговата терористичка организација Ал каеда (القاعدة).

http://www.youtube.com/watch?v=fdiJtLl4J_o

Додека њујорчани полека се опоравуваат од утринскиот шок дека дел од нивните градски симболи изчезнаат засекогаш, зградата СТЦ 7 во попладневните часови се урна за само 7 секунди.

Во текот на вечерните часови продолжува борбата со времето за да се спасат што е можно повеќе луѓе под рушевините.

Претседателот Џорџ Буш вечерта се обрати на нацијата, велејќи дека “нападнати се граѓаните, начинот на живот и слободата на нашата земја.”

Следните денови следи голема акција за спасување(само две лица се извлечени од под урнатините на 12 септември). Најмногу жртви поднесе Противпожарната служба на Њујорк (FDNY) и вработените на Федералната агенција за управување со итни случаи (FEMA).

На крајот на вечерта од 11 септември, претседателот Буш пишува во својот дневник: “Денес се случи Перл Харбор на XXI век… Мислиме дека одговорен е Осама бин Ладен, кој подоцна сам го признава организирањето на нападот.

http://www.youtube.com/watch?v=KiKyWJRRjnU

Администрацијата на Џорџ Буш неколку дена подоцна донесе одлука да започне војна против терористите. Овој чин беше озаконет со резолуција од Конгресот на САД на .09.2001. година, претседателот го прогласи со декрет на 18.09.2001 година.

Осама бин Ладен во тој момент се наоѓа во Авганистан. Американците бараат екстрадиција на Осама бин Ладен, што владејачките талибанци ја одбиваат.

Војната против Талибанците и Ал Каеда започна на 7 октомври 2001 година. година, со фрланје на бомби од десетина војни авиони.

И после убиството на Осама бин Ладен, кој беше пронајден во соседен Пакисан, август 2011, војната во Авганистан и понатаму трае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma