Антибиотиците обично третираат различни бактериски инфекции, но моментално подобрување неможе да очекуваме само со една терапија. Лекарите предупредуваат на штетните последици од запирањето на терапијата веднаш по првите знаци на подобрување. Бидејќи тоа не е знак дека организмот се опоравил и се изборил од причинителите за воспалението. Терапијата е успешна само доколку антибиотиците ги земате најмалку пет дена, последователно, затоа што дури тогаш доаѓа до успорување на развојот на бактериите и нивно елиминирање со помош на нашиот имунитет. Ако терапијата ја прекинеме пред време, постои голема веројатност некои микро организми да преживеат, и болеста да се повтори. Не заборавајте по терапијата да земете пробиотици, кои ќе ја обноват бактериската флора на цревата.