Frank Costello II дел

7 јули, 2011
Frank_Costello_320X240

Во 1927, Костело, Лучијано и мафијашот од Чикаго Џони „Лисицата“ Торио организирале огромна зделка за шверцување на алкохол. Бандата успеала, преку своите канадски и европски „врски“ да го зголеми профитот и да ги намали сите ризици, па со тоа и да отиде далеку пред конкуренцијата. Оваа криминална зделка е позната како „Групата на седумте големи“, а прв голем чекор било организирање на мафијашкото подземје во вистински национален криминален синдикат. Во 1929 година бандата организирала криминална конвенција во Атлантик Сити, каде присуствувале многу влијателни мафијашки босови. Конвенцијата била првиот чекор кон создавање на Националниот Криминален Синдикат, кој подоцна ќе ги контролира операциите, ќе ја диктира политиката и ќе ги одредува правилата во подземјето. На оваа конвенција не биле поканети Масериа и Салваторе Маранзано, бидејќи за нив се сметало дека само ќе донесат проблеми.

Всушност, Масериа и Маранзано, кој дошол неодамна од Сицилија, биле во конфликт уште од 1928 година. Непријателството помеѓу двата мафијаши се разгорело заради фактот дека Маранзано му станал конкуренција на Масериа. Иако Масериа успеал да го елиминира својот најголем ривал, мафијашот од Бруклин Салваторе Акила, сепак морал да се соочи и со Маранзано и неговиот моќен Castellammarese клан.

Масериа, кој по убиството на Акила станал „бос над босовите“, барал целосна лојалност и послушност од останатите четири мафијашки фамилии во Њујорк. Откако Масериа наредил низа убиства на членови на кланот Castellammarese во Детроит, Чикаго и Њујорк, Маранзано решил да му се спротивстави со сета своја моќ и сојузници. Помеѓу сојузниците се нашле и Костело, Џеновезе и Џо Адонис, како и многу други познати мафијаши.

Војната помеѓу двете моќни банди траела скоро две години, а во меѓувреме пропаднале многу операции, со што значително се намалила финансиската моќ на мафијашките фамилии. Дел од младите мафијаши сфатиле дека со војната само се намалува моќта на италијанската мафија, на сметка на ривалската ирска мафија. Во екот на војната се појавил раздор меѓу „старите“ и „младите“ италијанци. Додека старите италијанци сметале дека не треба да се работи со луѓе кои не се италијанци и биле скептични кон луѓе кои не се сицилијанци, младите сметале дека, се додека има заработка, не треба да се гледа на потеклото на соработниците. Затоа, Костело, Лучијано и Лански, како и другите млади мафијаши, решиле да и стават крај на војната и да ги убијат старите босови.

Костело и Лучијано се согласиле да го предадат Масериа доколку Маранзано ја прекине војната. На 15 април 1931 Масерија бил убиен во ресторан во Кони Ајленд од страна на Алберт Анастасиа, Вито Џеновезе, Џо Адонис и Багзи Сигал, а мафијата на Масерија ја превзеле Лаки Лучијано како бос и Костело како consigliere, односно втор човек во мафијата.

И покрај договореното, на таен состанок во Њујорк Маранзано се прогласил себеси за „бос над босовите“. Откако сфатиле дека Маранзано е гладен за моќ, Костело и Лучијано решиле да ги забрзаат своите планови, па Маранзано бил убиен на 10 септември 1931 од страна на мафијаши кои се претставиле како даночни инспектори. Со тоа се ставило крај на војната, во која се проценува дека биле убиени повеќе од 60 мафијаши.

 

 

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi