Lucky Luciano

20 јуни, 2011
naslovna

Charlie “Lucky” Luciano е роден на 24 ноември 1897 година во Lercara Friddi, Сицилија. Неговите родители, Антонио и Росалиа Лучиана, имале пет деца: Бартоломео (роден 1890), Џузепе (роден 1898), Филипиа(роден 1901) и Конкета(роден 1903). Кога Чарли имал 10 години (1907), семејството се преселило во САД. Тие се населиле во Њујорк, единствена дестинација за сицилијанските имигранти во тоа време.

Уште како тинејџер, тој ја формирал својата сопствена банда. За разлика од другите улични банди, чиј бизнис е крадењето, Lucania одлучил да им понуди заштита на еврејските деца кои секогаш биле на страна на италијанските и ирските деца. Наплаќале по десет центи неделно за секое дете.

На 20 годишна возраст, тој бил веќе добро интегриран во злосторството во Долниот Ист Сајд, биле вклучени во кражба, изнуда и трговијата со дрога (за што тој одлежал шест месеци затворска казна во 1916 година). Тој исто така станал доживотен пријател со еврејскиот гангстер Мејер Лански.


На 17 Јануари 1919 година, на осумнаесеттиот Амандман на Уставот на САД е ратификуван. Амандманот забранува производство, продажба и транспорт на алкохолни пијалоци. Забраната останала во сила се до неговато укинување во 1933 година. Тоа им даде на секој гангстер на улица нов извор на приходи преку нелегалната продажба на алкохол. Во тоа време, Лучијано работел за Арнолд Ротестен.

Лучијано имал планови за проширување на неговата територија и да го прошират својот профит од соработка со други мафијаши, да се намали цената на политичка заштита и намалување на веројатноста за појава на киднапирани пратки. Но, Џо “The Boss” Масериа забранил Лучијано да се прошири.

Во 1921 година, Лучијано веќе познавал многу мафии, вклучувајќи Вито Џеновезе и Френк Костело, неговиот долгогодишен пријател, бизнис партнер, и на крајот Сотокапо преку неговата вмешаност во “Five Points Gang”. Заедно тие започнале голем број операции.

Во 1925 година, Лучијано заработувал над 12.000.000 $ годишно, но сепак голем дел оделе за поткуп на политичарите и полицијата. Лучијано и неговите партнери ја воделе најголемата операција во Њујорк, која се проширила во Филаделфија. Тој увезувал скоч, виски директно од Шкотска, рум од Карибите и виски од Канада, покрај тоа се занимавал и со коцкање.

Во 1929 година, Лучијано бил нападнат од страна на тројца вооружени мажи, тој бил брутално претепан, исечен низ лицето со нож и фрлен скоро мртов во река на Стејтн Ајленд.  Некако го преживеал тешкото искушение, но бил засекогаш обележан со лузна. Неговиот опстанок му го донесе името Лаки иако тој и претходно го заработил овој прекар во неговите младешки денови поради неговата среќа во избегнување на полицијата. По неговото киднапирање Лучијано дознава преку Мејер Лански дека е нарачано од непријателот Масериа. Во ироничен пресврт Лучијано подоцна склучил договор со Маранциано во која Лучијано се согласил да ја исценира смртта на Масериа,а  во замена да стане втор човек на  Маранзано.Овој договор ќе стави крај на познатата Castellammarese War .

Лучијано ги поканил Масириа и двајца други соработници на ручек во Coney Island ресторан. Во еден момент Лучијано отишол во тоалет. Додека Лучијано бил во тоалетот, четири вооружени лица – Багзи Сигел, Вито Џеновезе, Алберт Анастасија и Џо Адонис-влеголе во ресторанот и го убиле Масириа и другите двајца соработници. По овој настан Лучијано го превземал криминалното семејство на Масириа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi