Куќи поврзани со фамилијата Pijade

12 јули, 20110
naslovna

Во улицата Uzun Mirkov, во ист временски период, беа изградени неколку згради и секоја од нив има симболички знаци кои се поврзуваат со слободните ѕидари. Се наоѓаат во близина на Kalemegdan, на местото каде што улицата Uzun Mirkov се вкрстува со улицата Car Uroš од едната страна и со улицата Kralj Petar од другата страна.

Според, мислењето на Branko Vujović во книгата “Beograd kulturna riznica”, четирите петкатници со броевите 6, 8, 10 и 12 претставуваат стилска и просторна целина. Временскиот период на изградба траеше од 1922 до 1927 година, а оваа зграда е уредена во духот на академизмот, со елементи од “арт деко“. Врз основа на податоците до кои има дојдено Vujović, проектирањето и изградбата на сите четири згради ги има изведено инженерот Samuel Smubul, како главен архитект, и во соработка со инженерот H. Isaković. Ова сознание е врз натписот на мермерната плоча која е вградена на фасадата на зградите со броевите 6, 8 и 12. На фасадата се поставени пластични декоративни мотиви и балкони со огради изработени во стилот на балустрада.

Исто така, според прибелешките на Vujović, на зградите со броеви 6 и 12, се појавува ликот на богот Хермес на два различни начини.

Hermes

Така што, на аголот на зградата со број 6, која има аголна форма односно делот што се наоѓа на улиците Uzun Markov и Kralj Petar, е вградена склуптира со митолошкиот лик на Хермес, додека пак на зградата со број 12, ликот е прикажан во релјеф на врвот на фасадата. Зградата на улицата Uzun Mirkov 12, има значајно влијание на белградскиот живот, пред почетокот на Втората светска војна, поради тоа што во неа беше сместена Kolonijalna Banka, така што на самата зграда можат лесно да се забележат вкрстените букви “К“ и “В“. Според информациите на жител од овој дел на градот, Dorćola Radoslav Stojanović, на повисоките катови во оваа зграда, станарите во поголемиот дел беа Евреи, а капиталот на банката во најголем дел беше со еврејско потекло.

За слободните ѕидари, античкиот бог Хермес има големо значење, поради тоа во една од наредните статии ќе му посветиме поголемо внимание, а овде само ќе го споменеме како декоративен дел на зградите со броеви 6 и 12. На последната зграда, со број 8, односно на врвот на челниот дел, истакнати се релјефно две билки околу кои е завиткана лента во три нивоа. Хермес е дел од грчкото божество, единствениот кој можел да комуницира со двата света, бог кој имал значајно влијание во слободноѕидарската симболика. Пред, почетокот на Втората светска војна, склуптурата на богот Хермес, можеше да се забележи во зградите наменети за банки и осигурителни друштва, бидејќи го сметаа за заштитник на финансиските институции.

Како староседелец во овој дел на градот, Dorćola раскажуваше, дека целиот овој крај од улицата Uzun Markov и долж улицата Kralja Petar, живееа Евреи, а денес се наоѓа зградата на Еврејската општина. Со векови тие живееа во овој дел на градот, а беа познати трговци. Делот кон улицата Car Dušan претставуваше основниот и најбитен трговски дел, а овде свои продавници имаа и жители од Дубровник, кои се занимаваа со трговија, па од овде е произлезено и името на улицата – Dubrovačka.

Во почетокот на 20от век, голем број од белграѓанските Евреи станаа дел од масонството. Тие беа рамноправни граѓани на Србија, што се потврди со донесувањето на Уставот од 1888 година, а во Белград немаше никакви антисемитски испади. Евреите во Европа, во тој период имаа своја Bene Berit ложа, во која членови беа исклучиво Евреи, но исто така, беа членови и во други ложи кои не беа еврејски.

Проблемите со еврејските слободни ѕидари започна од 1905 година, што се поклопува со обновување на работата на ложата “Pobratim“ и со започнувањето на соработката со хрватската ложа “Ljubav bližnjega”. Во тој период, во Хрватска се зголеми антисемитските струења, предизвикани од влијанието на католичката црква и нејзиниот однос кон Евреите.

Веројатно, тоа претставуваше една од причините поради кои во Белград се основаше првата еврејска Bene Berit ложа, која официјално започна со работа од 19 јануари 1911 година.

Grobot na narodni heroi

Поради некои, дополнителни причини, Евреите, често беа на удар, па поради тоа во ложата “Pobratim” започна да расте антиеврејското расположение. Тогаш се забележуваат и неколку куриозитети, несвојствени за масонството, а тоа е дека некои слободни ѕидари, Евреи станаа членови во ложата “Pobratim”, но беа приморани да користат псевдоними.

Еден од познатите вакви личности, подоцна се испотави дека бил и Moša Pijade, човек кој имаше огромно влијание врз развојот на Кралството Југославија и воспоставувањето на комунистичкиот режим. Pijade влезе во ложата “Pobratim“, така што се имаше претставено со лажно име – како М. Porobić, но ниту тогаш неговиот влез меѓу слободните ѕидари беше лесен. После неколку седници, беше разгледано неговото барање, односно во текот на 1910 и 1911 година, па дури во јуни 1911 година, Porobić т.е. Pijade, беше примен меѓу белграѓанските браќа. Неговата поврзаност со српското, а не со еврејското масонство, изгледа малку неверојатна, доколку се согледа од оваа временска дистанца и се земе во предвид делото на Moša Pijade.

Mosha Pijade i Tito

Очигледно, бил непријател на Кралството, бидејќи, покрај останатите работи, лично во Казнениот завод во Сремска Митровица потпиша спогодба со Mile Budak, за меѓусебно ненапаѓање на комунистите и на усташите.

Mile Budak

Оваа спогодба, детално ја објаснува Milan Banić во својот реферат, напишан во 1943 година, кој е зачуван во зградата на Nedić и суштински го дефинира односот на комунистите и на усташите, а со самото тоа и судбината на Кралството Југославија. Два члена од спогодбата Milan Banić децидно ги наведува, а и денес после толку години, од текстот може на секого да му поминат трпки низ телото. Поради тоа, би сакале доследно да ги наведеме:

Член 2

“Водството на југословенската комунистичка партија свесна за својата улога, признава дека на Балканскиот полуостров, нема долго време да опстане комунизмот, доколку српската и православната црква не се уништат, бидејќи е познато дека овие два фактори го спречуваат продирањето на Османлиите на запад, како и на комунистите и Австрија кон исток. Поради тоа, ова водство се согласува во тоа, да подготват заеднички терен за комунизирање на Југославија на Балканскиот полуостров и за уништивање на се она што е со српска и православна вероисповед.

Водството на хрватската усташка организација, имаше претчувство дека доколку не настанат брзи промени, хрватскиот народ ќе подлегне на југословенизацијата и на српската хегемонија, која ја нуди својата соработка на сите поробени народи во Кралството Југославија, а особено комунистичката партија, треба да го забрза реализацијата на овој план со користењето на сите средства“.

Член 3

“Водството на хрватската усташка организација се обврзува дека ќе помогне во покривањето на материјалните издатоци, демонстрациите, манифестациите и на штрајкови, кои ќе бидат предводени од комунистичките формации.

Водството на комунистичката партија смета дека хрватските усташки организации се важен фактор и помагачи за уништување на постоечките услови, за постигање на усташките идеали и се подготвени да ја дадат својата помош.

Водството на овие партии, се обврзуваат дека меѓу себе ќе ги избегнуваат сите несогласувања и дебати, а притоа безусловна ќе си помагаат во случај на демонстрации, револуции или војна, особено што се однесува до уништување на се што е српско или православно, како што е нагласено во точка 2 од оваа Спогодба“.

Mosha Pijade

Приказната за Moša Pijade, само наизглед не припаѓа овде. Наводно, живеел во зградата број 6, а дел од станарите раскажуваат дека неговиот татко, всушност бил сопственик на овие зданија.

Можеби затоа, Moša со толкава страст и жар сакал да влезе меѓу слободните ѕидари?

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi