ИНТЕРВЈУ СО ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

19 мај, 20111
Lambe-so-Natali-Imbruglia

1. Во кое училиште го заврши основното образование и каков ученик беше?

Моето основно образование го завршив во ОУ “Димитар Влахов”, во село Љубојно, тоа училиште е осмолетка и мислам дека и во градовите нема толку софистицирано училиште.

2. Дали беше мирно или палаво дете?

Добро тоа е релативно за секое дете, во глобала бев мирно дете. Секогаш имаше некои моменти каде што запаѓав во мали неволји, кои на крај завршуваа добро.

3. Случка од школските денови  која нема да ја заборавиш.

Патронатот на основното училиште каде што јас завршив е на 7-ми Април, се сеќавам дека на тој ден се организираа фудбалски натпревари во кои учествуваме ние учениците. Имавме многу подготовки со нашиот наставник по физичко и со нетрпение се чекаше само денот. Се сеќавам утрото на 7-ми Април кога се разбудив имаше толку многу снег што сите бевме изненадени, за жал пропаднаа и закажаните натпревари.

4. Каква музика слушаше во тоа време и кој ти беше идол?

Најискрено пораснав слушајќи плочи и касети, најчесто ги слушав “Beatles”, “Здравко Чолиќ”, “Бело Дугме”… но, како мој најголем пејач бил и останал нашиот ангел и голем човек Тоше Проески.

5. Дали се сеќаваш на твојата прва симпатија и дали денес си во некаков контакт со нејзе?

Мислам дека човек не може да ги заборави првите симпатии и глупирањето за да се дојде барем до еден бакнеж во образ. Јас се сеќавам на мојата симпатија и ден денес сум во контакт со неа. ☺

6. До каде си со студиите, дали ги заврши или се уште си студент?

По завршувањето на средното музичко образование се запишав на Еуро колеџот во Куманово,  каде ги завршив студиите пред една година. Завршив бизнис администрација, нешто без многу уметност и сенс. Но, никогаш не запре желбата да се запишам на Музичка академија. За мене никогаш не е доцна за работите, потребно е само да постои љубов и желба, тоа е доволно за да се почне.

7. Дали подготвиваш нов албум, видео запис?

Да, оддамна работиме во студио и ги подготвуваме моите најнови песни. Некогаш треба малку повеќе простор пред да се почне со нешто ново и позрело, затоа е и овој период на пауза. И секако кога ќе се има добра песна за неа се планира видео запис. Тоа го планира мојот тим со кој работам.

8. Како хуманист на годината и амбасадор на “СОС Детското Село”, дали имаш некои нови проекти?

Мојот следен проект е концертот за изградба на асфалтен пат до црквата Св. Ѓорѓи која е во близина на Битола. Како амбасадор на “СОС Детското Село” секогаш имам некој ангажман кој е поврзан со децата. Искрено за тоа сум најмногу горд што сум постигнал со музиката.

9. Колку ти се смени животот после музичкото шоу “М2 потрага по таленти” ?

М2 ми го промени начинот на живеење, односно темпото. Да речеме дека на некој млад човек кој многу ја сака музиката, се труди да постигне нешто, и некој да му даде шанса да успее, тоа го може само М2, професионален тим кој им овозможува на младите артисти кои немале можност, средства итн. да пробаат нешто повеќе.

10. Соработка со кој музичар би го доживеал како врв во кариерата?

Досега сум соработувал со повеќе музичари од Македонија и пошироко. Моментално соработувам со најдобрите музичари во мојата земја.

11. Која музика, (пејач, пејачка, бенд) најчесто ги слушаш и следиш?

Ја следам и домашната и балканската поп сцена, инспирација имам од доста артисти, од светски познати до некомерцијални. Од секого може да се научи по нешто позитивно. Слушам рок и поп музика како на пример U2, Sting и многу други.

12. Која песна најубаво го отсликува Ламбе?

Во секоја моја песна која е напишана како прераскажување на некое мое доживување може да ме отслика.

13. Гледаме дека снимаш реклами, дали би прифатил улога во некој филм доколку ти биде понудена.

Да, зошто да не. Сакам да играм во некој мјузикл а и во некој романтичен филм со актерка од типот на Monica Bellucci.

14. На која награда, настап, концерт си најгорд досега?

Сите настапи ми се драги, особено оние на кои сум настапувал на иста сцена со Џибони, Joe Coker, Natalie Imbruglia…

15. Дали планираш освојување на Балканскиот пазар?

Да, во тек се подготовките околу спремањето на мојот нов албум кој ќе се најде на пазарот во една од соседните држави.

16. Кој е моментално според тебе најголема Балканска ѕвезда(музичар, група)?

Мислам дека тое е Жељко Јоксимовиќ, Бајага и Негатив.

17. Како и каде најчесто се опушташ кога немаш музички ангажмани?

Во Преспа во мојата родна куќа и најчесто крај Бигорскиот манастир.

18. Од што најмногу се плаши Ламбе?

Од Господ.

19. Колку траела најдолгата врска на Ламбе?

И се уште трае и трае…
20. Што најмногу те привлекува кај девојките?

На прв поглед нозете и очите, а потоа духовноста која ја поседува.

21. Кој е идеалниот тип на девојка според тебе?

За жал на светов нема ништо идеално, барем јас така мислам.

22. Слушнавме имаш нова девојка, дали ќе ни откриеш која е,?

Не знам, вие кажете ми.

23. Дали веруваш во брак?

Да.

24. Дали Ламбе планира бргу да рипне во тавче?

Не, се уште е рано иако сум размислувал на таа тема нормално како и секој човек.

25. Дали често се дружиш со колегите од естрадата?

Па да, со оглед на нашата професија и патувањата ако не се гледаме барем комуницираме на некој начин.

26. Дали спортуваш и кое ти е омилено хоби?

Да, спортувам сакам да возам велосипед, ролери, да одам на фитнес и се разбира да играм фудбал.

27. Кој ти е најголема поддршка?

Моето семејство, М2 и фановите.

28. Животно мото кое те води?
Упорност, трпеливост и добра мисла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *