Јелена Карлеуша

4 август, 20110
Jelena_Karleusa_30719

Јелена Карлеуша е родена на 17 Август, 1978 година во Белград. Таа е позната српска поп пејачка.
Јелена Карлеуша е ќерка на поранешна радио водителка Дивна Карлеуша и полициски службеник Драган Карлеуша.
Првото ЦД “Огледалце” било објавено во 1995 година, кога Јелена имала само 16 години. Веќе на третиот албум кој бил издаден од страна на издавачката куќата на “ЗАМ”, Јелена се појавува со провокативни фотографии кои привлекле големо внимание во јавноста.
Со издавање на четвртото ЦД, Јелена веќе дефинитивно добива статус на српската поп-ѕвезда. Петтиот албум бил издаден страна на издавачката куќата “Гранд” во декември 1999 година.

Две години подоцна во 2001 година. Јелена го објавува шестиот албум, во продукција на  “Бест мјузик” и Зоран Башановиќ. Подоцна Јелена потпишала договор со грчката компанија “Хевен мјузик” каде почнала сериозно да размислува за меѓународна кариера.

Во 2008 година го издава албумот “ЈК Револушн” со кој ги собрала сите музички награди на Балканот.
Во летото 2009 година Јелена го издава албумот “Дајмионд колекшн” во продукција на Сити рекордс. Албумот бил снимен во два диска, со вкупно 35 песни.
На 30 Декември во реалното шоу Големиот брат, Јелена ја испеала песната Инсомнија, која на YouTube за само еден ден имала 200.000 посети, а по седум дена и околу 4 милиони посети.
Јелена Карлеуша се венчала на 28 Јуни 2008 година со фудбалерот Душко Тошиќ.  Тие имаат девојче по име Ника.

Албуми:

  • 1995 Огледалце
  • 1996 Жените се момци
  • 1997 Вештице виле
  • 1998 Зовем се Јелена
  • 1999 Гили, гили
  • 2001 За своје године
  • 2002 Само за твоје очи
  • 2005 Магија
  • 2008 ЈК Револушн
  • 2009 Дајмонд колекшн
  • 2010 Инсомнија
  • 2011 Мушкарац који мрзи жене

 

http://www.youtube.com/watch?v=IvOv_nQmb6A

http://www.youtube.com/watch?v=7hcdmGZP34o

http://www.youtube.com/watch?v=gsoiHDCALEc

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *