Оливер Драгојевиќ

24 август, 2011
Oliver Dragojevic 6 - 1024x768

Оливер Драгојевиќ e роден на 7 декември 1947 година во Сплит, Хрватска. Оливер е еден од најпопуларните хрватски поп пејачи. Роден е во Вела Лука на островот Корчула. На музичката сцена се појавил во 70-тите години од минатиот век на познатиот Сплитски фестивал, еден од неколкуте музички фестивали кои се одржувале во поранешна Југославија, и денес се уште се одржува во Хрватска.

Во неговата музика има примеси на далматинскиот фолклор. Неговиот прв хит е “Picaferaj” во 1967 година. Повеќето од неговите постари песни биле напишани од страна на популарниот текстописец Зденко Рујниќ. Една од најпознатите негови песни е “Nadalina”, која исто така ја отпеал со познатиот актер Борис Дворник, но тука се и далматинските химни “Galeb i ja” и “Skalinada”.

Драгојевиќ ja одржал неговата популарност и во следните децении, додека во 90-тите години неговите песни се помалку имале влијание од домашниот фолк, а повеќе од глобалните музички трендови. Во тоа време тој бил често споменуван како еден најстарите музички Хрватски ѕвезди. По завршување на неговата соработка со Зденко Рујниќ, тој снимил уште неколку албуми кои се покажале доста популарни кај неговите фанови.

Денес, Оливер се уште е активен на хрватската музичка сцена, и за него со сигурност може да се каже дека е еден од најпопуларните хрватски пејачи.

Дискографија:

  • 1975 Ljubavna pjesma
  • 1976 Našoj ljubavi je kraj
  • 1976 Split 76′
  • 1977 Malinkonija
  • 1978 Poeta
  • 1979 Vjeruj u ljubav
  • 1980 Oliver 5
  • 1981 Đelozija
  • 1982 Jubavi, jubavi
  • 1984 Evo mene među moje
  • 1985 Svoju zvizdu slidin
  • 1986 Za sva vrimene
  • 1987 Oliver
  • 1987 Pionirsko kolo
  • 1988 Svirajte noćas za moju dušu
  • 1989 Oliver u HNK
  • 1990 Jedina
  • 1992 Teško mi je putovati
  • 1994 Neka nova svitanja
  • 1994 Sve najbolje
  • 1995 Vrime
  • 1996 Oliver u Lisinskom
  • 1997 Duša mi je more
  • 1998 Štorija 1
  • 1998 Štorija 2
  • 1998 Štorija 3
  • 1998 Štorija 4
  • 1998 Štorija 5
  • 2000 Dvi, tri riči
  • 2001 Oliver u Areni
  • 2002 Trag u beskraju
  • 2003 Vjeruj u ljubav 2003
  • 2005 Vridilo je
  • 2006 The Platinum Collection
  • 2006 Oliver a L’Olympia
  • 2007 Kozmički dalmatinac
  • 2010 Samo da je tu

 

http://www.youtube.com/watch?v=AZ4adYv8lK8

http://www.youtube.com/watch?v=IMgJvnAZE6w

http://www.youtube.com/watch?v=duvJkEykOdE

http://www.youtube.com/watch?v=P2PXWKRlxKA

 

 

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi