Марина Сити

21 септември, 2011
marina city

Кули како од “пченкарни зрна“во Чикаго

Чикаго, град кој е преполн со високи згради, доби нов симбол: Марина Сити, два облакодера високи по 170m, со чудна конструкција и форма. Зградите-кули со шеесет катови, жителите ги нарекоа “пченкарни зрна“ или “силоси за жито“; се состојат од 12m дебели, челични-бетонски јадра со станови во нив. Во бетонските јадра се сместени лифтови, скали, тунели за отпад. Пресек на кулата: околу 30m.

Секој кат е поделен на 16 еднакви сектори. На секој дел му припаѓа по еден балкон. Секторите можат да се комбинираат на различни начини – има станови од еден дел, станови кои зафаќаат еден дел и една половина или два дела и една половина. Обичен апартман се состои од претсобје, купатило, кујна и една голема соба, со вкупна површина од 30m2 и форма на парче торта. Комфорот си доаѓа само по себе. Двете згради со своите 912 апартмани, во кои живеат околу 2.000 станари, создаваат мал град околу себе. Имаат сопствени ресторани, продавници, експозитури на банки и туристички агенции. Во приземјето е изградено пристаниште за приватни моторни чамци.

Се подразбира дека кај овие згради не недостига паркинг. Првите 20 ката, се предвидени за паркинг за 1.000 автомобили. Становите почнуваат веќе од 21 кат. Марина Сити е место само за оние лица кои имаат подебели новчаници. Комфор, отмена адреса, преубава локација – сето тоа бара да биде добро платено.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi