Панамски канал

24 септември, 20110
panama

Централната алка на светската пловидба

Многу стара замисла е да се спојат Карипското море и Пацифичкиот океан. Со овој проблем се занимавале шпанските освојувачи на Средна и Јужна Америка уште во почетокот на 16-от век. Кралот Carlo VI, бил доволно далековид за да ги предвиде огромните политички и економски бенефиции: во 1524 година, наредил да се направи првиот нацрт за овој смел проект. Но, морало да поминат околу 350 години односно да дојде моментот кога луѓето започнале систематски да се занимаваат со изградбата на воден пат од едното до другото море.

Денеска, после половина век од отварањето, Панамскиот канал претставува најзначајна директна врска помеѓу двата океана.

Во 1952 година, биле забележани вкупно 6.600 бродски премини во двата правци. За половина деценија овој број се дуплирал. Според последната статистика (за 1966 година) се појавува податок за 13.300 премини.

Во 1850 година, САД и Велика Британија, го склучиле договорот со кој требало да се обезбеди неутралност на каналот. Но, многу бргу се покажало дека договорот бил на “стаклени нозе“.

Охрабрени од успехот за Суецкиот канал, кој бил склучен во 1869 година, Франција најавила дека е заинтересирана и побарала основање на “Kompanj universal di Kanal interokeanik Panama“.На чело да друштвото бил поставен Ferdinand Leser, градителот на Суецкиот канал, кој добил концесија, а веќе во 1879 година, започнал со активностите, но десет години подоцна банкротирал.

Сите обиди за претпријатието – кое после еден скандал, поврзан со мито и корупција, добило лоша репутација – да се постави на стабилна основа биле неуспешни. Leser, банкротирал подари технички, финансиски и организациски проблеми. Понатамошниот развој на настаните, бил како што многумина предвидувале. Две децении подоцна, САД иако сеуште посотела опаснот да биде “преварена“, ја искористиле можноста. Најпрво се осигуриле со два договори (1901 и 1902 година) – си обезбедиле свое единствено право за изградба на Каналот. Потоа во 1903 година, се погрижиле, панамската област да се одвои од Колумбија, поради што била прогасена “Република Панама“. Младата држава и дала право на САД, да биде по нејзина надлежност Каналот. Во 1906 година, Конгресот во Америка, го одобрил капиталот за започнување на изградбата. Одговорноста за изградбата била доделена на George Washington Goethals (1858 – 1928 година).

Огромните одрони од земја ги прекинувале работните активности и по неколку недели. На дното на ископаното корито, на неколку места поминувале 6 до 7 пруги. Милиони тони камења го загадиле возухот. Само во 1910 година, било потрошено 7 и половина килограми експлозив.

Извесен период после почетокот на војната, 15 август 1914 година, поминал првиот брод по Каналот. Шест години подоцна, на 12 јуни 1920 година, водениот пат бил завршен и официјално предаден на светскиот – бродски сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *