Рио де Женеиро

22 септември, 2011
1

Најубавиот град во светот

Рио де Женеиро е името на градот кој има 4 милиони жители, град кој го сметаат за најубав во цел свет; целосно име на градот Свети Себастијан на реката Јануар. Кога Португалците на 20 јануари 1500 година, се закотвиле со шест каравели со цел да ги протераат Французите, реката ја именувале по месецот кога пристигнале. При основањето на градот, 15 години подоцна, било задржано името, но само било додадено името на светецот. Со текот на времето го скратиле и го нарекле Рио де Женеиро или само Рио.

На која основа Рио, со полно право се нарекува најубав град на светот?

“Мора да постојат и поубави заливи од заливот на Рио кое што потсетува на едно алпско езеро“ – изјави светскиот патник Ernest Hese-Varteg, “се разбира дека постојат и поубави планини и заливи и поубави градови од Рио, кои се наоѓаат во преубави предели , но обединувањето на море и остров, смел алпски ланец и преубави слики, а сето тоа украсено со најубавата тропска убавина како што ја има заливот Рио де Женеиро, не постои на друго место на планетата“.

Рио, е преубав град кога се набљудува од брод. Распространет на должина од 180km; ја покажува својата најубава страна кога се гледа од Корковадо, 700m високиот рид со статуата Исус Христос, до која може да се стигне со жичара.

Од 1763 година, па се до основањето на Бразилија во 1960 година, Рио беше главен град на Бразил – речиси 200 години. Сепак, се чини дека градот премногу бргу го преболи губитокот на овој примат – бидејќи никогаш не престана да претставува духовен центар на својата земја.