Суецки канал

31 август, 20110
-suecki-kanal

Суецкиот канал е вештачки канал долг 163 километри меѓу Средоземно и Црвено море кој ги разделува африканскиот од азискиот континент. Тој е најблиската поморска врска меѓу западната и источната Земјина Хемисфера. Големата стратешка важност на Суецкиот канал за Западот станува уште појасна ако се земе предвид најважниот танкерски воден пат за снабдување на Европа со блискоисточна нафта.

Суецкиот канал името го добил по градот Суец кој се наоѓа во регионот. Суец е град-пристаниште со околу 497.000 жители. Се наоѓа во Египет, во заливот. Градот бил потполно уништен и напуштен за време на Арапско – израелскиот конфилкт во 1967 година. Повторно е изграден и отворен за сообраќај во 1975 година.

Пред прокопувањето на Суецкиот Канал, трговциите од Европа, за да стигнат до Индија или на Далечниот исток морале да ја обиколат цела Африка. Со негово прокопување, на пример, патот од Риека до Бомбај, кој изнесува околу 16,5 илјади километри бил скратен за само на 6,5 километри. Во време на Стар Египет, фараоните се носеле со мислата да преку еден канал ги поврзат Средоземно и Црвено море.

Првиот план за изградба на ваков канал бил направен пред 4.000 години. Но, дури 700 години покасно, делтата на Нил била поврзана со Средоземното Море, а покасно и со Црвеното Море. Тогаш, каналот немал некое поголемо значење затоа што по него можеле да пловат само мали бродови. Кога [[Римјани]те] го покориле Египет песокот на повеќе места го засипал овој канал. Во почетокот на минатиот век, благодарение на пронаоѓањето на парната машина (параброд), во голема мера се зголемил превозот на стока по воден пат. Тогаш на луѓето им станало доста јасно дека е непоходно да се изгради еден канал што ке го скрати водениот пат меѓу Европа и Индија. Каналот би донел голема заштеда-како во пари така и во време.

Владите на неколку европски земји покажале интерес за тој проект и решиле да формираат меѓунардона комсија. Комисијата требало да ги проучи сите можности за изградба на каналот. Право за изградба на каналот добил францускиот дипломат и инжинер Фердинанд де Лесепс, кој обезбедил потребни парични средства формирајќи Друштво за изградба на Суецкиот Канал. Работите за копање на каналот започнале на 25 април 1859 година, а биле завршени десет години покасно односно на 15 август 1869 година. По изградбата на каналот постојано работеле околу 25.000 египетки феласи – селани и повеќе од илјада европски квалификувани работници. Покрај нив имало и голем број инжинери и техничари, воглавно Французи, кои раководеле со овој голем потфат. Кога каналот бил завршен бил прогласен за ,,интернационален” што значело дека низ него можеле да пловат сите бродови.

Суетскиот Канал свечено бил отворен на 17 ноември 1869 година.Флотата од околу дваесетина бродови кај градот Порт Саид навлегла во каналот. Бродовите биле предводени од оклопниот крстосувач ,,Егл”, во кој се наоѓале Фердинанд де Лесепс, руската царица Евгенија и жената на Наполеон III. На останатите бродови се наоѓале вицекралот на Египет, австриската царица, рускиот престолонаследник и други видни личности од тогашниот европски свет. По седумдневното патување флотата пристигнала до Суец. По повод свеченото отварање на каналот големиот композитор Џузепе Верди во Каиро ја извел операта Аида.

Во 1956 година египеската влада го национализирала Суецкиот Канал. Бродовите и понатаму можеле да пловат низ каналот , но приходите ги земала египетската влада. Од 12 јуни 1967 година низ Суецкиот Канал нема поминато ниту еден број. Неколкуте бродови што останале блокирани во Каналот и денес стојат неподвижни. Со разрешување на израелско-арапскиот судир ќе се реши и понатамошната судбина на оваа најважна светска водна артерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi