Наставник блудничел над седум момчиња

21 октомври, 20110
decak-zlostavljanje(1)

Во Нови Сад, наставник по географија, Иван М. Ш. (58 години) беше уапсен минатата недела под сомнение дека во последните две години блудничел над седум ученици на возраст од 11 до 14 години. Осомничениот предавал во основното училиште “Јован Дучич” во Петроварадин, како и во основното училиште “Вељко Влаховиќ” во Шангај, каде што на учениците, како што дознаваме, често им покажувал порнографски списанија и видеа и ги наведувал на блудни работи.

– Според првичните податоци, наставникот најпрво ги бакнувал и ги галел момчињата, по што тој самиот сексуално се задоволувал. Истрагата ќе ги утврди сите детали, но не ја исклучи можноста дека ќе биде долга листата на злоупотребувани момчиња – ни изјави нашиот извор. Според неофицијалните информации, Иван М. Ш. силувал седум ученици – момчиња кои се на возраст меѓу 11 и 14 години. Тој ги наведувал децата на блуд, така што после часовите им носел и им покажувал порнографски списанија.

– Наставникот им покажувал на децата различни порно списанија и ги наведувал на блуд со несоодветно допирање и бакнување. Во неколку случаи, во просторијата каде што се случувала сексуалната злоупотреба тој бил сам со жртвата, но имало и случаи кога во текот на сексуалниот чин присуствувале и неколку ученици – ни изјави извор близок на истрагата. Наставникот ги собрал децата во училниците, но понекогаш ги носел и на излети кои ги организирал самиот.

Освен во училиштето “Јован Дучич”, Иван М. Ш. работел како редовен професор по географија и во основното училиште “Вељко Влаховиќ” во Шангај, каде што исто така, потврдија дека вршел блуд над учениците. Покрај тоа, Иван М. Ш., дознавме дека во слободното време одржувал и приватни часови во неговиот дом.

– Во еден случај, наставникот го извршил кривичното дело и во подрумот на неговата куќа во Петроваради и тоа над ученик на кој наводно му држел приватни часови – ни изјави нашиот извор, додавајќи дека полицијата утврдува колку долго наставникот сексуално малтретирал момчиња. Скандалозното однесување Иван М. Ш. беше откриено неодамна, кога ученик се пожалил на друг наставник во училиштето. Наставникот веднаш го информирал наставничкиот колегиум и тогаш случајот бил пријавен во полиција. Откако за приказната слушнаа жителите на Петроварадин, беа во шок, а гневните родители се упатиле кон училиштето.

– Не можам да верувам дека моето дете три години оди во училиште во кое предава овој психопат. Училиштето е вообичаено на “лош глас“, но ова е ужасно – вели Драгана М., мајка на една ученичка која учи во училиштето во Петроварадин. Директорот на училиштето “Јован Дучич” не сакаше да ни даде коментар за случајот, истакнувајќи дека тоа им било забрането од страна на полицијата. Без коментар останаа и од училиште “Вељко Влаховиќ”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi