Седумгодишно девојче: “Мамо, дали покрај сé, ќе можам некогаш да останам бремена“?

26 октомври, 20110
PEDOFIL-VELIKA

Ужасна приказна на седумгодишно девојче кое година дена било сексуално злоупотребувано од страна на својот татко В. С. (39 години), познат лекар од Бор. Татко ми ме бакнуваше во уста и ме допираше по целото тело –  А. С. (7 години)…   

Татко психопат…Девојчето повеќе не сака да го види татко и. А. С. (7 години) од Обреновац, ги раскажа шокантните детали за тоа како повеќе од една година сексуално ја злоупотребувал татко и В. С. (39 години), познат лекар од Бор! Како што дознаваме, девојчето изјавило дека нејзиниот татко многу често ја бакна во уста и дека ја допирал по целото телото, а најшокантно било прашање кое што го постави на нејзината мајка Б. С. (37 години): ” Мамо, дали покрај сé, ќе можам некогаш да останам бремена“??!“

Осомничениот В. С. пред истражниот судија негираше дека ја злоупотребувал својата ќерка. По завршувањето на сослушувањето, на таткото му е одредена мерка притвор со времетраење од еден месесц под сомневање дека ја злоупотребил својата ќерка.

Факти – Пред шест години Б. С. се развела од В. С. и со ќерката А. С. се иселила од Бор и се преселила во Обреновац. – Мајката забележала дека девојчето во последно време чудно се однесува. – Девојчето и раскажало на мајката дека нејзиниот татко сексуално ја злоупотребувал повеќе од една година, што беше потврдено од страна на стручни медицински лица. – Таткото В. С. е приведен и му е одредена мерка притвор во времетрање од еден месец под сомнение дека сексуално ја злоупотребувал својата ќерка. – Б. С., мајката на девојчето, беше шокирана од приказната на нејзината ќерка, која што до детаљ и опишала што и правел нејзиниот татко!

– Јас не можев да поверувам, мислев дека сето ова е лош сон! Дали е возможно човекот кој некогаш сум го сакала толку многу, би можел да направи вакво нешто на сопственото дете? – прашува Б. С..

Како што дознаваме од извори блиски на истрагата, седумгодишната А. С. последните неколку дена посочила на нови детали за сето она што морала да го прави со својот татко.

– На мајка и и признала дека морала да го бакнува нејзиниот татко во уста и да не се спротивставува кога тој ја допирал по телото. Исто така, рекла дека кога била на море заедно со татко и и со неговата девојка, се бањала гола во вода со него! Сепак, на мајката најтешко и било кога нејзината ќерка ја прашала: “Мамо, дали покрај сé, ќе можам некогаш да останам бремена“?

Тоа дефинитивно ја дотолчило несреќната жена – вели нашиот извор, додавајќи: – Девојчето, јасно кажала дека не сака повеќе да го види татко и. Таа изјавила дека тој е психопат. Кога нејзината мајка ја прашала дали го знае значењето на тој збор, девојчето едноставно одговорило дека тој не е нормален човек!

Соработка со полицијата – според нашите извори полициската акција за апсење на В. С., осомничен за сексуално злоупотребување на својата ќерка, била по иницијатива на инспекторот од полицијата во Обреновац. – Инспекторот, очигледно има искуство во вакви случаи, и откако увидел за што станува збор,тој и предложил на мајката, девојчето да започне да пишува дневник и со помош на своите кукли да опише што се и правел татко и. Потоа, следувал налогот да се изврши лекарски преглед на девојчето. Конечно, таткото е уапсен – вели нашиот извор.

– Кога отидов со мојата ќерка во болница на гинеколошки преглед, за да се утврди дали има повреди, се молев на Бога, сето ова да не е вистина и мојата ќерка да не биде обележана за цел живот. Никогаш не сум имала намера да го повредам мојот претходен сопруг. Дури и ќерка ми ја носев во црква и го молев на Бога да и прости, доколку кажува работи против него кои не се точни – раскажува низ солзи Б. С.. Таа изјави дека и се јавиле родителите на поранешниот сопруг и неговата девојка за да ја прекорат – како можела да испланира вакво нешто и вака да му се одмаздува. – Јас им повторив дека немам ништо против поранешниот сопруг. Моите поранешни свекор и свекрва, досега немаат прашано како е нивната внука, дали добро се чувствува. Понекогаш се прашувам со какви луѓе сум живеела. Но, сега најважно е моето дете да се смири и да се обиде да живее нормално – рече Б. С..

Во текот на испрашувањето, В. С. ги негирал обвинувањата. – Не е точно дека сексуално сум ја злоупотребил својата ќерка, срамота е да се помисли вакво нешто, а не пак да се направи. Не сакам ниту да разговарам! – вознемирено изјавувал. Сето ова го има смислено и очигледно и одлично го реализира, мојата поранешна сопруга кој е ментално нестабилна личност, а во ваква состојба се доведе поради преголемото користење на седативи и лекови за смирување – изјавил во своја одбрана В. С..

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi