Бред Пит си купил Руски тенк кој бил користен во снимањето на филмот “World War Z”

14 ноември, 20110
Brad Pitt Filming 'WorldWar Z' On Dad's Day

Бред Пит одлучи да си земе сувенир од снимањето на новиот филм “World War Z”. На познатиот глумец толку многу му се допаднал еден руски тенк Т-54 кој бил користен за време на снимањето, па одлучил да си го купи. Тенкот од советската ера е веќе на пат за Лос Анџелес каде ќе биде однесен на имотот на Бред. Не е познато што мисли за новата играчка Анџелина, но неговите деца најверојатно ќе бидат воодушевени. Тенкот на Бред е произведен во 1947 година и бил дел од вооружените  сили на советската војска.

Бред пред неколку денови имал проблеми со полицијата поради оружјето кое се користело во филмот. Оружјето било доставено со документација дека е надвор од функција, но испаднало дека оружјето се уште функционално. Поради тоа специјалната полиција влегла во складиштето на филмскиот сет, што многу го налутило Бред. “Филмот го надмина буџетот и предолго се снима, Бред е бесен”, рекол работник на филмскиот сет. Оружјето е запленето и за среќа властите не го обвиниле Бред, туку продуцентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi