Британскиот комичар Милтон Џонс се одлучи на еден необичен експеримент, па своето шоу го адаптирал за нова публика а тоа биле кравите на една фарма. Тој сакал да види дали кравите имаат смисла за хумор.
За подготовките му помогнал еден експерт за крави, Брус Вудакри кој ги анализира и истражува се што е поврзано со кравите веќе 40 години.
Џонс изјавил дека не било воопшто едноставно да смислува шеги за кравите, се било поинаку од она што до сега го работел. На крајот и двајцата биле задоволни од експериментот. Кравите слушале внимателно, и како што кажува експертот биле опуштени.