Црквата Света Софија

popara15 август, 20111min00
suleymaniye-camii

Симбол на божествената мудрост

Како прекрасна силуета црквата Света Софија се воздигнува во Истанбул. Ја славеле и ѝ се восхитувале илјадници години наназад и ја сметале за светско чудо, споменик на една врвна култура, нешто што човекот никогаш досега го нема создадено.

Врз основа на денешниот изглед на црквата, на денешните посетители, тешко им е да го откријат пропаднатиот сјај на црквата, од златното време на Византија. Бурната судбина на црквата Света Софија – од христијанска црква, до муслиманска џамија и се до музеј – има оставено свои трагови.

Само прекрасната главна купола, која е висока 56 метри, нема изгубено ниту дел од својот сјај. Истата, претставува критериум при изградба на бројни џамии на истокот и многу цркви. Царот Constantine ја изградил првата црква на местото на денешната Света Софија во 336 година и тогаш го преселил седиштето на своето царство во Константинопол и го направил главен град на Источно Римското Царство. Ја нарекол “Meggale ekkesia“ односно Голема црква.

Двеста години подоцна, во текот на еден бунт против Царот Justinian (527 – 556 година) црквата и дел од Константинопол биле запалени и уништени. Justinian повторно ја изградил црквата, но поубава и поголема. Најпознатите градители од источен Рим, Anthemius од Трал и Isidore од Милет ги направиле нацртите, но Кралот Justinian влијаел со своите совети и идеи.

“Некои ангели во сон му ги дошепнуваат нацртите“, се зборело меѓу народот. Градежните работи изнесувале 360 квинтала злато. Десет илјади ѕидари во текот на шест години, ги собирале драгоцености од источниот Рим, најубавиот мермер, најубавите столбови. Златни мозаици, ги краселе ѕидовите. Завршената црква Света Софија (боженствена мудрост), станала свето место на источното христијанство. Така останало се до 1453 година, кога Турците го освојуваат Константинопол и тогаш бил преименуван во Истанбул. Со бескрајно жалење на христијанскиот свет, Турците ја трансформираат црквата во џамија. Во 1935 година Kemal Atatürk ја прогасува црквата Света Софија за музеј.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag