Тринидад и Тобаго – вистинските Кариби

2 октомври, 20110
0

Тринидад и Тобаго се најјужните острови на Антилите кои се наоѓаат помеѓу Гренада на север и Венецуела на југ. Источно од државата се наоѓа Атланскиот Океан, додека западно се наоѓа Карипското Море. Тринидад и Тобаго има вкупна површина од 5.128 километри квадратни и е составена од неколку острови, меѓу кои најголеми и главни се Тобаго и Тринидад. Островот Тринидад зазема околу 4.768 километри квадратни или 93% од целокупната површина на земјата. Од друга страна пак, Тобаго има површина од 300 километри квадратни и зазема 5.8% од површината. Остатокот припаѓа на помали околни островчиња.

Тринидад и Тобаго за туристите нуди уникатно искуство како ниедно друго место на светот.  Богата историја , култура, прекрасните плажи, високите температури и био – диверзитетот во текот на целата година нудат незаборавни моменти на одмор и рекреација. Овде нема да сакате да одмарате, овде вашиот одмор ќе се претвори во целодневни прошетки, местото е идеално за оние кои сакаат малку поинаков одмор од вообичаеното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi