Речиси 10% од светската популација има дијабетес, а бројот на заболени се постојано се зголемува.
Бројот на заболени од дијабетес за 30 години двојно се зголемил и од 152 се искачил на 347 милиони. Ова го потврдува до сега најголемата студија за дијабетес, која е спроведена од страна на Imperial College во Лондон и Универзитетот Harvard во соработка со Светската здравствена организација.
Експерите велат дека болеста се зголемува во сите делови на светот и дека веќе не е ограничена само во богатите земји, што значи дека станува глобален проблем.
Студијата предвидува дека со зголемување на бројот на заболени луѓе драстично расте и како и трошоците, бидејќи дијабетесот го зголемува ризикот од срцев удар, оштетувања на бубрезите, слепило и инфекции.
“Дијабетесот е една од најголемите причини за смртност во светот. Нашето истражување покажа дека дијабетесот е се почеста болест скоро секаде во светот”, изјавува Маџид Езати, еден од авторите на студијата.
Постојат два типа на дијабетес, тип 1 и тип 2. Познато е дека тип 1 е автоимуна болест која се јавува во детството и болниот мора да се земе инсулин за да преживее. Тип 2 е честа форма и се јавува во 90 проценти од случаите.
Поврзан со вишокот килограми и обично се контролира со диета, вежби и лекови. Сепак, хронично покачениот шеќер во крвта предизвикува оштетување на нервите, болести на бубрезите, слепило.
Учеството на возрасни со дијабетес се зголеми за 9,8 отсто кај мажите и 9,2 отсто за жените.