Дуњите – ризница на витамини и минерали

2 ноември, 20110
dunji

Дуњите се вистинки витамински бомби на есента. Дуњата е преполна со витамини и минерали, а семето содржи околу 15 отсто масти и голема количина на амигдалин, односно витамин Б 17.

Дуњата потекнува од Југоисточна Азија, а во Европа била позната и под името „сидонијска круша“.  Со својата златеста боја, ова овошје со горчлив и кисел вкус кај античките Грци било симбол на љубов и среќа. Антички специјалитет биле печени дуњи полни со мед и ореви.  Во античко време дуњите биле симбол на плодноста, па според традицијата младенците на нивната свадба јаделе дуњи за нивниот брак да биде среќен и плоден.   Римјаните, пак, ги користеле дуњите за производство на етерични масла и парфеми. Со векови французите прават сирење од дуња, односно ги варат дуњите до степен на цврстина која може да се сече со нож.

За оние кои не знаат, дуњата е вистинска витаминска бомба. Содржи минимално количество на калории и масти, а е богата со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна. Исто така дуњите содржат и големо количество на витамин Ц, завидна количина на каротин (провитамин А), витамин Б1 и Б2 и ниацин. Од минералите дуњите содржат бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур, хлор.

Семето од дуња содржи околу 15 отсто масти и значителни количини на амигдалин, односно витамин Б 17, кој има анти-канцерогени ефекти. Семињата се богати и со танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина и емулзин.

Дуња се сметаат за исцелувачко овошје. Благодарение на танинот, тие позитивно влијаат на цревата и да спречуваат појава на заразни болести. Сокот од дуња се користи за лекување кашлица, астма и акутна дијареа. Печени или варени дуња се препорачуваат за оние кои имаат проблеми со желудникот и цревата, како и оние кои имаат воспаление на слузницата, но се користи и за лекување на анемија. Чај направен од цветови од дуња помога при смирување на кашлица. Чајот направен од семиња од дуња исто така има смирувачки ефект и помага при несоница и лош здив.

Дуњите ретко се јадат сирови, па се препорачува да се сварат или да се испечат, или пак да се конзумираат како компот, желе, мармалад или овошно пире. Освен слатките специјалитети од дуња, ова овошје одлично одговара во комбинација со печено свинско месо, пилешко месо, месо од патка, јунешко месо и дивеч.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi