Извори блиски на парот, Џенифер Лопез и Марк Ентони кажуваат дека тие не се во добри односи. Иако Марк со цел да биде до својата сопруга се пресели во Лос Анџелес, сепак не поминува ни малку време со неа и близнаците. Заради ангажманите на Џенифер во музичкото шоу Идол, таа е веќе подолго време во Лос Анџелес. Изворот изјавил дека Марк нема трпение кога разговара со Џенифер, или постојано и вика или воопшто не одговара на нејзините повици. Тој има сѐ поголема желба за пари и патувања. Постојано закажува турнеи, а познато е дека за време на настапите тој многу пие и флертува со секоја жена. А силна жена како Џенифер, мислам дека нема уште долго да го трпи тоа, додал изворот.