Џинсот – легендарен тренд кој сеуште е во мода!!!

29 октомври, 20110
dzins

Фармерките се одличен избор на облека за преодниот период, кога сме приморани да се прилагодиме на пониски температури, а исто така се неопходно парче облека бидејќи може да ги искомбинираме во секоја варијанта.

Веќе сме навикнати дека ниту една сезона не може да помине без фармерки. Џинсот е секогаш на врвот во модната индустрија, како што беше потврдено на промоциите на најновите колекции. Дизајнерите овојпат понудија широк спектар на фармерки, од конценционални модели до модели со необичен крој и текстура. Кога станува збор за фармерките нема правила, може да изберете оној крој кој ви одговара и да го комбинирате буквално во секоја ситуација, било да станува збор за дневни кежуал варијанти, или пак за тренди варијанти за вечерно излегување.

Оваа сезона е доминиранаат фармерки со остри кројки и висок струк. Најтренди избор е комбинација на фармерки со туника, појас и високи штикли. Исто така деним јакните се секогаш добар избор, во голема мера поради тоа што изгледа одлично во комбинација со фармерки или панталони, но и со фустани, здолништа, шорцеви …

Оваа сезона повторно во тренд се вратија и модели во стилот на седумдесеттите, со висок струк и во најразлични бои: темно црвена, маслинеста и морнасрко сина. Исто така модерни се и избледените фармерки со печатени апликации, кои се совршен избор за дневна кежуал варијанта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi