Џоли не плачеше кај Јосипович на рамо…штета :) Галерија од Бриони :)

21 август, 20110
1

Како што веќе објавивме, Анџелина Џоли и претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, ја гледаа претставата “Кралот Лир“ на Бриони. Големиот број посетители воопшто не ни знаеле дека таа е во публиката, сè додека Раде Шербеџија не ја поздравил како своја специјална гостинка. Тогаш, Џоли изгледа на сцената, се поклонила на актерите и изјавила дека тоа е најубавото театарско искуство во нејзиниот живот.

“Ова е неверојатно искуство. Одлична претстава која на извонреден начин го слави театарот“, изјави Џоли на крајот од претставата. “Јас сум голем обожавател на Раде Шербеџија, уживав во работата со него, а се надевам и дека еден ден ќе глумиме заедно“.

По претставата тие ја продолжиле забавата, дружејќи се со вино и во друштво на претседателот на Хрватска. Дружбата траела до два часот наутро. Џоли на Твитер напишала: “Прекрасна вечер, прекрасни луѓе. Ви благодарам за сè“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi