Џорџ Клуни – „Бог“ помеѓу заводниците

30 јуни, 20110
george-clooney_600x450 copy

Многумина сметаат дека Џорџ Клуни е како добро вино – неговиот шарм се зголемува како што поминуваат годините. Деновиве повторно се разгоре интересот околу неговиот приватен живот, особено заради разделбата со неговата долгогодишна девојка Елизабет Каналис. За Клуни велат дека е пријатен, заводлив, неодолив, но и нескротлив. Затоа решивме да ве потсетиме на жените кои успеаа да го скротат овој холивудски шармер, макар само за одреден период.

Талиа Балсам – Врската помеѓу Талиа Балсам и Џорџ Клуни започна во далечната 1984 година и траеше многу кратко. Тие повторно се споија во 1989 година и решија својата врска да ја крунисаат со брак, па се земаа во Лас Вегас. Нивната љубов траеше се до 1992 година, а по разделбата Клуни изјавил дека воопшто не бил спремен на брак во тој период, како и дека не и дал на Талиа шанса да го усреќи.

Кели Престон – Кели Престон и Клуни се запознаа во 1987, а започнаа да живеат заедно во 1988, а како миленик решија да чуваат прасе кое го нарекоа Макс. Тие се разделија во 1989 година. По нивната разделба, Макс остана во сопственост на Клуни, кој го чуваше се до 2006 година.

Карен Дафи – Џорџ Клуни беше во врска со поранешната водителка на MTV, со која во 1995 се појави на доделување на Еми наградите. Иако нивната врска траеше навистина кратко, тие останаа добри пријатели. Дафи дури ги придружуваше Клуни и неговата тогашна девојка Каналис на крстарење во 2010 година.

Селин Балитран – Џорџ Клуни се забавуваше со Селин Балитран од 1996 до 1999 година. Тие се сретнаа во Париз каде Селин работеше како келнерка, а Клуни го снимаше филмот „The Peacemaker”. Селин, студентка по право, замина со Клуни во САД и двојката постојано истакнуваше дека се многу среќни. Сепак, во 1999 година се разделија и Клуни се врати на својот ергенски живот.

Лиса Сноудан – Неконстантната врска помеѓу Лиса Сноудан и Џорџ Клуни започна во 2000 година, за време на снимањето на реклама во Шпанија. Клуни и британскиот топ модел се појавија на премиерата на филмот „The Bourne Supremacy”, а последен пат се видени заедно на приватна забава во Лондон во ноември 2005 година.

Криста Ален – Звездата на „Baywatch” и Џорџ Клуни првпат беа забележани заедно во 2002 година, иако во тој период тврдеа дека се само добри пријатели. Истата година Криста Ален се појави во режисерското деби на Клуни „Confessions of a dangerous mind”. Тие постојано раскинуваа и се смируваа се до 2008 година.

Сара Ларсон – Врската помеѓу Џорџ Клуни и келнерката Сара Ларсон започна во 2007 година кога тие „официјално“ се запознаа на премиерата на  „Ocean’s Thirteen“. Сепак, победничката на „ Fear Factor“ изјавила дека тие се запознале неколку години претходно кога таа работела како келнерка на неговата роденденска забава. Клуни дури се појави на доделувањето на Оскарите заедно со Ларсон, што претставуваше особен интерес за сите бидејќи тој никогаш претходно не се појавил на церемонијата со партнерка. Сепак, и покрај бурната и исполната врска, двојката се раздели во мај 2008 година.

Елизабет Каналис – Многумина сметаа дека последната љубов на Џорџ Клуни, Елизабет Каналис, е онаа која ќе успее да го скроти вечниот холивудски ерген. Двојката за прв пат се појави заедно на Филмскиот фестивал во Венеција, а оттогаш двајцата вљубени беа постојано заедно. Од гламурозни настани, до луди забави, Каналис и Клуни изгледаа неразделни. Италијанска актерка отворено зборуваше за својата среќа со Клуни, кој дури двапати беше прогласен за најсекси маж на светот. И покрај идиличната врска, на 22 јуни оваа година, во заедничка изјава, двојката соопшти дека се разделила и ја замоли јавноста да ја почитува нивната приватност. Дали станува збор за караница или за конечна одлука, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit