Џорџ Клуни во новиот филм ќе ја игра улогата на сериски убиец. Се работи за адаптација на светскиот бестселер Чудовиштето од Фиренца, а каде холивудскиот заводник ќе се претвори во истоименото чудовиште. Филмот ќе го снима компанијата Фокс 2000, а како еден од продуцентите ќе биде и Џорџ Клуни. Оваа адаптација сакаше пред две години да ја направи Том Круз, но отстапи од проектот. Овој пат Клуни ќе го глуми убиецот, кој меѓу 60-тите и 80-тите години на минатиот век уби 15 луѓе без да биде фатен.