Фељтон: Принцови на столетието, “Lamborghini” 4-дел.

6 јули, 20110
0

Lamborghini од 1969 до 1977 годинa

 

Bertone успеал да го убеди Lamborghini да му дозволи да дизајнира нов модел кој ќе има четири седишта и ќе биде малку поразличен од постарите модели. Lamborghini на тоа се сложил но подоцна не бил задоволен од изгледот на вратите на новиот модел, најмногу поради нивната големина и нсистирал автомобилот да има по конвенционални врати. Сепак во 1969 година на авто саемот во Женева бил претставен моделот под името Espada кој имал  3,9 литарски V12 мотор со јачина од 325 КС. Во текот на 10 години биле произведени вкупно 1217 автомобили од овој модел.

Во текот на 1969 година моделите Islero, Espada, и Miura S, претрпеле мали модификации за подобрување на нивните перформанси, а веќе во 1970 година на авто саемот во Женева бил претставен моделот Jarama, каде Paulo Stanzani создал нов модел кој не наликувал на предходните модели на Lamborghini. Даночните промени во тоа време но и силната конкуренција на пазарот го натерале Ferruccio да го следи трендот на Ferrari со моделот Dino 246, и Porsche со моделот 911 за производство на помал автомобил. За кратко време Ferruccio и Stanzani го направиле моделот Urraco со V8 мотор, 2+2, и јачина од 220 КС при 5000 вртежи во минута, кој веднаш бил тестиран и подготвен за авто саемот во Торино 1970 година.

Во 1970 година, Lamborghini започнал со развојот на новиот модел кој ќе го замени моделот на Miura. Инжењерите на Lamborghini на чело со Marcello Gandini и Bertone креирале модел со подолга шасија, а моторот го оддалечиле подалеку од седиштето на возачот, за кратко време бил создаден моделот LP500 со 4,97 литарски V12 мотор, Моделот своето деби го имал на авто саемот во Женева во 1971 година.

Кога настапила големата светска криза во 1971 година, компаниите на Ferruccio почнале да трпат големи загуби во производството кое се намалило за половина, особено производството на трактори кое дошло до самото дно. Во 1972 година Ferruccio бил приморан одделот за производство на трактори да го продаде на компанија која исто така се занимавала со произодство на трактори.

Како производството на трактори така и во делот на автомобилите Ferruccio трпел многу загуби, планираниот модел LP500 го пропуштил авто саемот во Женева во 1972 година. Ferruccio веќе размислувал за продавање на дел од неговата компанија на што бил заинтересиран неговиот пријател и бизнисмен Georges-Henri Rossetti. Ferruccio на крај успеал да се договорил со Rossetti кој откупил 51% од компанијата за 600,000 долари, но Ferruccio и понатаму го имал главното влијание на производството во фабриката, додека Rossetti многу ретко се инволвирал во работата на компанијата.

Во 1973 година Светот бил зафатен со нафтена криза која ги натерала владите на земјите да воведуваат додатни такси и даноци на производителите, со што тоа само се продлабочила кризата во Lamborghini. Во 1974 година Ferruccio одлучил да го продаде неговиот дел од акциите на бизнисменот René Leimer, добар пријател на Rossetti. Ferruccio успеал да се избори за името да остане исто и да не се менува логото на компанијата. Потоа тој се повлекол од авто индустријата и се преселил во близина на езеото Trasimeno во околината на Перуџа каде живеел се до неговата смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *