Фељтон: Принцови на столетието, “Porsche”

13 јули, 20110
Porsche-Carrera-GT

Професор Ferdinand Porsche ja основал компанија наречена “Dr. Ing. h. c. F. Porsche GmbH” во 1931 година во Штудгард. На почетокот компанијата се занимавала со производство и колсалтинг поврзано со автомобилски мотори, но компанијата во тоа време не произведувала автомобили под свое име. Една од првите задачи на оваа компанија било да се произведе народен автомобил. Целиот проект бил нарачан од тогашната германска влада и за кратко време бил произведен автомобилот Volkswagen Beetle (Буба), кој ќе стане еден од најдобрите дизајнирани автомобили на сите времиња. Porsche 64 е создаден во 1939 година и во неговиот процес на изработка биле користени многу компоненти од Volkswagen Beetle.

Во текот на Втората светска војна, биле произведени околу 52000 Volkswagen Beetle но како воени верзии за потребите на германската армија. Porsche во текот на војната направил и неколку дизајни на тенкови, но производството му припаднало на компанијата Henschel & Son каде произлегле моделите Tiger I и Tiger II, сепак подоцна проектите биле искористени за производство на борбеното возило под името  Elefant – уништувач на тенкови.

На крајот на Втората светска војна во 1945 година, фабриката Volkswagen била присвоена од страна на Британците, Ferdinand го загубил водечкото место во компанијата, а на негово место бил назначен Мајорот Ivan Hirst.

Истата година на 15 Декемви Ferdinand бил упасен поради воени злосторства за време на Втората светка војна но сепак не му се судело. Ferdinand бил пуштен после 20 месеци поминати во притвор. Додека Ferdinand бил во затвор неговиот син, Ferry Porsche одлучил да направи свој автомобил. Првиот автомобил кој го направил Ferry е моделот 365 кој бил конструиран во една мала пилана во Гмунд, Австрија. Прототип на автомобил 365 бил прикажан на германски авто-дилери, и за кратко време  стигнале и првите нарачки, производството полека започнало.

На 30 Јануари 1951 година, Ferdinand Porsche починал од компликации по претрпен мозочен удар.

Во поствоена Германија, се јавил проблем со набавката на делови за автомобили, така да за моделот 356 се користени компоненти од Volkswagen Beetle,  вклучувајќи го и моторот со внатрешно согорување, преносот, и суспензијата. Во моделот 356, сепак, имал неколку еволутивни фази, А, Б и В, а во подоцнежното производство многу делови од Volkswagen биле заменети со оргинални делови специјално изработени за Porsche. Во последниот модел 356s бил целосно вграден нов мотор на Porsche. Елегантната каросерија била дизајнирана од страна на Erwin Komenda кој исто така ја дизајнирал каросеријата на Beetle. Porsche уште од самиот почеток инсталирал надворешно ладење на моторот што во тоа време многу ретко некој го користел во производството на автомобили.

Во 1964 година, по одреден успех во мото трките со моделот Porsche 550 Spyder, компанијата направила нов модел Porsche 911, кој имал воздушно ладење и со V6 мотор во задниот дела на автомобилот. За дизајнот на каросеријата на овој модел се погрижил постариот син на Ferdinand,  Ferdinand Alexander Porsche, што довело до конфликт со главниот дизајнер на Porsche, Erwin Komenda кој за кратко време ја напуштил компанијата. Подоцна Ferry Porsche ја ангажирал фирмата за производство на шасии Reuter, денес позната како Keiper-Recaro.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi