Фото: Ејми Вајнхаус “извајана” од пилули и слатки:) Добар арт:)
14 август, 20110
Додека се чекаат резултатите од токсиколошките испитувања, за да се утврди точната причина за смртта на Ејми, познатите уметници го даваат својот допринес и прават поклони за покојната пејачка.
Така и уметникот Џејсон Мерсиер направил портрет на Ејми од апчиња и слатки. Ова не е првиот портрет кој го правам за славните ѕвезди, изјавил Џејсон. Секојдневно добивам многу лични предмети од ѕвездите како би им направил портрет. Така од Памела Андерсон добив кутија со долна облека. Парис Хилтон пак ми испрати писмо од деновите кога беше во затвор, вели Џејсон.