Славниот пар Бекамови доби принова, првата ќерка по три сина, соопштил портпаролот на славниот фудбалер.
Викторија и Дејвид се среќни да објават дека се роди нивната ќерка, обајви Симон Оливеира на друштвената мрежа Твитер.
Девојчето е родено во неделата наутро во болницата Седарс Синај во Лос Анџелес, тешка е 3 килограми и 460 грама, пренесува (BBC).
Брачниот пар има веќе три сина, Бруклина (11), Ромеа (9) и Круз (5).
Англискиот фудбалер и поранешната членка на познатата музичка група Спајс грлс, се во брак од 1999 година.