Градинарот ја “одра“ Шерон Стоун

14 јули, 20110
sheronstoun

Американската глумица Шероун Стоун ќе мора да плати 232.000 долари оштета на нејзиниот градинар, кој го повредил коленото откако се лизнал и паднал во дворот на нејзината куќа, пренесува  AFP.

Питер Краус, кој во август 2006 година го повредил коленото поставувајќи звучен систем во дворот на холивудската ѕвезда, ја тужел актерката, барајќи и 1,5 милиони долари оштета за претрпена болка и загуба на заработка.

Во тужбата поднесена во 2008 година, Краус навел дека се лизнал на кал, а кога се обидел да се задржи за оградата таа попуштила и паднал во соседниот двор, од скоро четри метри висина.

Судот во Лос Анџелес ја прогласил актерката за виновна поради небрежност, поради тоа што оградата не била добро прицврстена, па така Шерон Стоун по судска наредба сега треба да му плати 232.000 долари на градинарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi