Хај – тех хотелот „Yas“ во Абу Даби
17 ноември, 20110
Со многубројните проекти, во кои инвестира, Абу Даби постепено но сигурно, станува културен центар на Блискиот Изток. Исто толку интересни во најбогатата држава од ОАЕ се новитетите во технологијата. Хотелот „Yas“ е дел од проектот во вредност од 36 милијарди долари „Yas Island“. Тој е позициониран околу пистата за Формула 1 и изгледа како градба излезена тукушто од научно-фантастичен филм.