“Гугл“ им овозможил на Египќаните да користат “Твитер“ без интернет

31 јануари, 20110
Google_Logo

Компанијата “Гугл“ покренала посебна услуга, која на граѓаните на Египет им овозможува да испраќаат пораки на “Твитер“ со повик од телефонски број и при тоа да остават гласовна порака, односно без интернет врска, бидејќи интернетот во оваа земја и понатак е во прекин поради антивладините демонстрации, објавува “Ројтерс“, пренесува Нетпрес. На службениот коорпоративен блог на “Гугл“ е објавено дека многумина се заинтересирани каква е состојбата на терен во Египет, па оттаму дошла и идејата како да им се помогне на луѓето кои се на лице место. Услугата која ја развил “Гугл“, заедно со експерти од “Твитер“, на Египќаните им овозможува да повикаат телефонски број и да остават гласовна порака, која автоматски се претвора во текстуална и потоа се објавува на социјалната мрежа. Од “Гугл“ истакнуваат дека за користење на услугата воопшто не е потребен пристап до интернет. Главна желба за реализација на овој проект било на Египќаните да им се овозможи да бидат слушнати низ светот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *