Франција го казни Гугл со 100.000 евра

22 март, 20110
9
Француската национална комисија за слобода на информациите ја казни американската коорпорација Гугл со рекордни 100.000 евра, поради прибирање на податоци за услугата Гугл Стрит Вју (Google Street View, објави АФП, пренесува Нетпрес.
Образложението е тоа што Гугл ги фотографирал улиците на француските градови, заедно со луѓето, а без претходно да добие согласност за тоа од нив. Потоа тие фотографии станале достапни за секој корисник на Интернет. Од Гугл признале дека собирајќи податоци за Ви-Фи мрежите, имале пристап до лични податоци, пренесувани преку незаштитени канали.
Гугл Стрит Вју стартуваше во 2007 година и веднаш стана предмет на критики од страна на европските регулативни органи и организации, според кои американската компанија извршила инвазија во личниот живот на луѓето. Тогаш од Гугл создадоа можност за отстранување на фотографии, кои би можеле да предизвикаат конфликт.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *