Непознати хакери ја нападнале страницата на социјалната мрежа “Фејсбук” на францускиот претседател Никола Саркози при што во негово име изјавиле дека нема да се кандидира на претседателските избори во 2012 година, пренесе РИА Новости.
“Драги сонародници, во врска со вонредната ситуација во нашата земја, јас со полна свест и здрав разум, решив да не учествувам на изборите во 2012 година”, се вели во наводната изјава. Хакерите покрај тоа отвориле и покана посветена на славењето по повод заминувањето на Саркози од неговата функција, на 6-ти мај 2012 година. Во 2008 година криминалци успеаа да извлечат пари од личната банкарска сметка на актуелниот француски претседател.
Извор: Нетпрес