Италијаните го копираат Орвел! А да смислеа нешто попаметно? :) Аватар…Магариња…Лилјаци…:)

7 август, 20110
italijani

Водителка ги шокирала италијаните со следната вест: Добро вечер, доаѓаат марсовци!

Водителката ги убедувала гледачите да останат смирени, окако и Ватикан издал соопшение во кое се наведува дека и Библијата предвидува појавување на вонземјани.
Една неодамнешна рекламна кампања за филмот на Gianni Pacinotti „Последниот земјанин“, предизвикала вистинска паника во Италија. Новинарка од телевизијата Tg3 Maria Cuffaro објавила на интернет вест дека марсовци доаѓаат на Земјата, односно токму во Италија.
Водителката кажала дека се уште не е познат датумот на нивното пристигнување, но веќе ја контактирале италијанската влада. Замолила луѓето да не паничат и да не одат во продавниците да купуваат храна, бидејќи нема потреба, со оглед на тоа дека вонземјаните доаѓаат во мир.
Неколку часа по објаваа на станицаа Tg3 била во целосна блокада. Луѓето не знаеле дали станува збор за шега, но сепак веста била прикажана од висинското студио на телевизијата под оригиналното лого.
Tg3 тврди дека немаат никаква врска со кампањата, и дека водителката сама го снимила тоа, копирајќи ја радио драмата на Орсон Велс, Војна на ѕвездие.
Дури еден ден подоцна се појавила продуцентската куќа Фанданго и признала дека тоа е најава за филм кој ќе се натпреварува на следниот филмски фестивал во Венеција.

httpv://www.youtube.com/watch?v=BzR1mvNw4Hk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi