Кафето, чајот и соковите – непријатели на вашите заби!!!

23 октомври, 20110
kafe caj i sokovi

Секојдневната конзумација на кафе, чај и сокови, како и јадењето на секаков вид на грицки, доведува до потемнување на забите и расипување на нивната површина заради бактериите кои се активираат со внесувањето на шеќери.

Кафе, чај и сокови: Ова се напитоци на кои им „робува“ буквално целиот свет. Нивната секојдневна конзумација има значително негативно влијание врз забите и го оштетува енамелот.

Слатки: Познато е дека слатките делуваат погубно на забите, особено ако јадеме се што ќе ни дојде при рака. Затоа, наместо слатко, по секое јадење изедете парче сирење кое ќе ја неутрализира киселоста во усната шуплина.

Вода: Водата е важен „чистач“ на устата и забите, особено по оброците. Напијте се една чаша вода која е доволна да ги исчисти остатоците на храна и бактериите, но и да го зголеми чувството на ситост.

Лед и крцкави слатки: Ледот и тврдите слатки може да доведат до пукање на забите, бидејќи тие делуваат како кристали кои создаваат триење и на тој начин ја оштетуваат глеѓта. Крцкавите слатки исто така се заглавуваат на места кои се тешко достапни за чистење со четкичка, па затоа многу луѓе имаат расипани заби и кариес.

Свежо овошје и зеленчук: Доколку не сакате да пиете вода, по оброкот изедете парче овошје или зеленчук, со што ќе уништите над 90% од бактериите, што е поефукасно од многу пасти за заби. Исто така витамините во овошето и зеленчукот спречуваат инфекции и крварење на непцата.

Гуми за џвакање: Добри гуми за џвакање се само оние без шеќер. Џвакањето на гуми за џвакање го зголемува производството на плунка, најдобриот механизам за чистење на устата од остатоци на храна, но и ги неутрализира киселините.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *