Кејт Мос и нејзиното момче Џејми Хинс наскоро ќе ги поканат своите пријатели во својот луксузен дом, каде отворија кафуле, и ќе ги почастат со најразлични коктели. Супермоделот, Кејт, која е позната по тоа дека сака да се напие, сега во својот дом ќе има сопствен, приватен бар. Барот ќе има големи софи и можност за правење на караоке забави. Таму сигурно ќе доаѓаат нивните пријатели, затоа што познато е дека таму каде што Кејт прави забава, неможе да биде досадно.