Ќе има ли “женско мевце” за нив во Црна Гора?

10 јули, 20110
naslovna net

Руски, еврејски, американски милијардери… на едно место. Бока Которска. Повод: роденден на Ротшилд. Женско друштво? Се разбира. Гарант и Силвио Берлускони ќе дојде, ама покасно. Уште една афера ќе му дојде отпојќе.

Целиот балкан зборува за доаѓањето на најмоќните луѓе на Бока Которска за да го прослават 40-от роденден на Нет Ротшилд. Ова ќе го чини милиони, но што е тоа за еден милијардер . Меѓу истакнатите гости бизнисмени се очекува да дојдат: Роман Абрамовиќ, Олег Дерипска, со кого Ротшилд инвестираше милиони во “Porto Montenegro”, комплекс со луксузни хотели во Црна Гора.

Овој комплекс изобилува со 45 луксузни станбени единици и е веќе при крај со изградбата. Но, од “Porto Montenegro” потврдија и дека речиси сите станови се продадени на богаташите од Велика Британија, Русија, Австрија, Швајцарија и Германија.

Нет Роштилд е новата ѕвезда во семејството Ротшилд, највлијателното банкарско семејство во светот. Светскиот економски форум, го имаше номинирано Нет за титулата глобален млад лидер. Поврзуван е со Натали Портман и манекенката Петра Немцова.

Олег Дерипска е шеф на компанијата “Bazovij element”, член на бордот на директори на руската алуминиумска компанија “Rusal”. Пред три години тој со своите 28 милијарди долари беше меѓу десетте најбогати луѓе во светот, но оваа година е на 57-то место со 10,7 милијарди.

Роман Абрамовиќ, 45, е најбогатиот руски бизнисмен. Тој е сопственик на ФК Челси и инвестициската компанија “Milhaus LLC”. Неговото богатство во 2011 година магазинот Форбс го процени на околу 13,4 милијарди долари. Путин во својата биографија напишал дека Абрамовиќ го гледа како син.

Јакоб Ротшилд, 76, е татко на Нет Ротшилд. Тој е еден од најмоќните луѓе на светот, четврти барон од Ротшилд и глава на највлијателното светско банкарско семејство. Близок пријател е на Роналд Реган, Бил Клинтон, Франсоа Митеран, Маргарет Тачер…

Питер Манк, 83, е канадски бизнисмен, главен инвеститор на “Porto Montenegro”. Тој е основач и претседател на најголемата рударска компанија во светот “Berik Gold”. Освен по големите инвестиции, тој е познат и по големите добротворни донации.

Тони Хејворд, 51, е поранешен генерален директор на “Бритиш петролеум”една од најголемите фирми за нафта во светот. По катастрофата во Мексико во 2010 година, тој си поднел оставка. Сеуште е еден од највлиетелните луѓе во светот на нафтата. Неговата годишна плата пред две години изнесувала 3,5 милиони евра.

Роланд Рад, 49, е еден од највлијателните луѓе во Велика Британија. Основач е на ПР компанијата “Финсбери”. Се смета дека оваа компанија ги застапува интересите на четвртина од 100 најуспешните компании во Велика Британија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi