Кој ја „клецкал“ жената на Харисон Форд…дознајте веднаш!

5 август, 20110
harisonf-naslovna

Харисон Форд, ѕвездата од филмскиот серијал Војна на ѕвездите, гостувал  во шоуто на американскиот комичар и водител Џими Кимел, каде признал дека пријателството  меѓу него и Peter Mayhew, актерот кој во истимениот серијал ја играше улогата на Chewbaccа, се распаднало поради тоа што тој спиел со неговата сопруга!

Секој фан на Војна на ѕвездите добро знае дека не е баш паметно да го вознемирувате Wookiee, но сосема јасно е дека поранешниот придружник на Chewbaccа, Хан Соло не ги следел овие совети, кога вербално го нападнал својот стар пријател, но со добра причина.

Поточно, 69 годишниот актер, Харисон Форд бил на фризерско столче и го средувале за гостувањето на шоуто, кога во просторијата влегол Chewbacca. Форд, кој ја играше улогата на пилот на бродот Millennium Falcon, воопшто не бил среќен што морал да се види со стариот пријател кои долго време се бореа рамо до рамо, а потоа тој го  изневерил нивното пријателство.

Форд веднаш го нападнал со навреди, а Chewbacca се обидел да се објасни, но Харисон несакал да го сослуша, додавајќи дека го предал, и дека неговите изговори не го интересираат, па на крај му наредил никогаш повеќе да не се враќа.

Сепак, пред фановите на Војна на ѕвездите да помислат дека довчерашните најдобри пријатели сега станале лути противници, да ви кажеме дека станува збор направен како скеч за потребите токму на шоуто на комичарот Џими Кимел, каде Форд го промовирал и својот нов филм Каубојци и вонземјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *