Комасонска ложа “Pitagora” и “Humanitas”
Под непосреден надзор и со активно учество на Симболичката Голема ложа “Libertas” во Загреб, на 23 јануари 1932 година се основаше мешовита, машко-женска комасонска слободна независна ложа “Pitagora I.O.S.E. Le Droit Humain”.
За Старешина на оваа нова ложа беше именуван Veljko Tomić, Секретар Viktor Šek, а членови на управен одбор беа избрани Ivka Roković, Jospi Čavrak, Miroslav Karschulin, Milica Gradišnik, Gizela Hojko, Marija Vucković и Mirko Vucković.
На Годинешното собрание, одржано во октомври 1935 година, како високи претставници на ложата “Pitagora” беа именувани: Старешина Veljko Tomić, Прв надзорник Davorin Hotko, Втор надзорник Mihela Šram, Говорник Milan Hojko, Секретар Viktor Šek, Заменик секретар Aleksander Pallaš, Благајник Josip Čavrak, а во ревизорниот одбор беа избрани: Mirko Vucković, Aleksander Rallaš и Nikola Roković, додека пак библиотекар беше Ivka Roković.
На вонредната Годишна седница, одржана во март 1936 година во Загреб, се избра ново претседателство: Старешина и Говорник Adela Šek, Секретар Ivka Roković, Благајник Mirko Vucković, Прв ѓакон Antun Winkler, Втор ѓакон Aleksandar Pallaš, Надворешен стражар Nikola Roković, Приправник Milan Hojka. Дотогашниот Старешина Veljko Tomić беше именуван за “почесен старешина“.
Во ноември 1936 година за време на редовната Годишна седница на ложата “Pitagora”, следните членови беа именувани во претседателството: Старешина Veljko Tomić, Прв надзорник Davorin Hotko, Втор надзорник Mihela Šram, Говорник Luka Radovinović, Секретар Mirko Vucković, Заменик секретар Vinko Zanon, Благајник Božana Radovinović, Обредник Marija Vucković, Прв ѓакон Aleksander Pallaš, Заменик прв ѓакон Antun Winkler, Втор ѓакон Gizela Hojka, а во ревизорниот одбор: Milan Hojka, Ante Koch и Antun Winkler.
Според “Основните правила на слободно ѕидарската ложа ’Pitagora’” друштвото е формирано за да ги развива основните цели на слободното ѕидарство. Друштвото има за цел да шири култура, љубов кон најблиските и благосостојба. Исто така, се залагаат за заштита на индивидуалните убедувања поврзани со верата, националноста и политиката, поради тоа не влијаеше врз верските, националните и политичките одредби на членовите и строго беа забранети дебатите поврзани со овие прашања.
Членовите на ложата се обврзуваа да се однесуваат како лојални граѓани и да ги почитуваат законите на државата и да се покорат на државните и друштвените правила. Но, ложата или нејзините членови не смеат да поддржуваат никакви немири или движења.
Поголемиот број на членови на оваа ложа беа дел и од Симболичната Голема ложа “Libertas”, а основачот Veljko Tomić во неколку наврати ја имаше потенцирано нераскинливата меѓусебна врска.
На 19 јуни 1935 година од стана на Antun Gueratto и Ivica Barlović беше испратено известување за основање на “Humanitas I.O.S.R. Le Droit Humain” со согласност добиена од ложата “Pitagora”, но веќе на 26 април 1939 година од страна на Zvonko Kovačić Старешина и Mariška Gueratto Секретар, беше испратено известување за престанокот на работа на оваа ложа.
Голема ложа N.O.B.B. Jugoslavija, XVIII Ditrikt – прв дел
Првата ложа N.O.B.B. основана на југословенската територија беше ложата “Srbija” која со работа отпочна од 1911 година. Идејата за основање на ложа во Белград потекнуваше уште од многу порано, особено поради крајно лошите односи помеѓу сефардите и ашкеназите кои постоеја се до моментот на отварањето на ложата “Srbija”, во која членуваа голем број на угледни Евреи од двата култа, кои се залагаа за меѓусебно помирување и за ширење на добрата волја. Како разултат на залагањата, постепено се отстранија и се намалија тензиите и конфликтите меѓу Евреите.
За време на Балканските војни и Првата Светска војна, ложата “Srbija” не функционираше, но потоа нејзината работа се обнови на 12 ноември 1919 година. Покрај основното начело за работа (благосостојба, братска љубов и слога), во ложата исто така се внимаваше на секоја изјава која би можела да има антисемитски карактеристики.
За време на петгодишната прослава на ложата “Zagreb“, тогашниот Старешина на ложата “Srbija” Arom Alkalaj ги истакна напорите кои ги има вложено ложата за подобрување на односите и надминување на конфликтите со што го потенцираше значењето на формирање на една организација во која се присутни и двата еврејски култа, а со самото тоа се придонесува да се олесни координацијата и работата на двете еврејски заедници.
Инаку, ложата “Srbija” помогна во акцијата за собирање на средствата за обновување на Палестина.
Имаме голем број на примери во кои ложата им има помогнато на Евреите, но сепак би го посочиле барањето кое го имаше доставено Bore Baruha, сиромашен студент кој се обрати до друштвото, барајќи помош. Писмото кое беше доставено до ложата “Srbija”, ја имаше следната содржина: “успевам да ги продолжам моите студии единствено со помошта која ја добивам од другарите, кои буквално одделуваат од својот џеб, за мене да ми овозможат да продолжам со учењето. Во моето писмо ви доставувам дел од моите трудови кои ги работам на факултетот, кој нажалост ќе морам да го напуштам, доколку вашето друштво не ми излезе во пресрет и не ми помогне со месечна помош“.
За време на прославата Aron Alkalaj, истакна дека благодарение на ложата “Srbija”, голем број на незапослени Евреи добија работни места во секторот – трговија и занаетчиство.
Членови на ложата “Srbija” беа:
Alkalaj Aron A. Главен секретар на Државната Хипотекарна банка (од 1914); Alkalaj Bukus, доктор (од 1911); Alkalaj David M., адвокат (од 1929); Alkalaj Isak, врховен Рабин во Кралството Југославија (од 1911); Alkalaj Samuilo A., Директор на банката Metropol (од 1930); Alkalaj Hajim J., трговец (од 1911); Adanja Isak S., шпедитер (од 1922); Aron Bencijon, Директор на Српско-швајцарска банка (од 1925); Arnuti Izrailo, трговец (од 1925); Aleksandar Band, доктор; Benarojo Leon, трговец (од 1919); Bah Franjo, книжар (од 1932); Davičo Jakova, шеф на Дирекцијата на Државната Хипотекарна банка (1919); De Majo Samuilo, адвокат (1929); Oskar Goldman, извозник (1924); Efrajim Mika, трговец (1929); Zunara Isak, трговец (1930); Koen Avram, Директор на Сојузната фабрика за шеќер (1921); Levi Azriel A., трговец (1920); Levi Isak D., Директор на Колонијална банка (1925); Lević Avram, началник во Министерството за финансии (1911); Medina Isak, трговец (1922); Munk Moša, доктор (1925); Pijade Bukić, доктор (1911); Pops Fridrih, адвокат (1911); Rafailo Rubenović, доктор (1929); Sumbul Samuilo, архитект (1921); Talvi Moša R., трговец (1924); Testa Nisim, доктор (1925); Fajgl Hugo, трговец (1921); Finci Rafailo, адвокат (1911); Herceg Frano, адвокат (1922); Šancel Karlo, инженер (1929).
Од Винковац членови во ложата “Srbija” беа: Ignjat Langi, адвокат (1929) и Maks Arminski, доктор (1928).
Членови во ложата “Srbija” од Панчево беа: Aleksandar Hercel, адвокат (1925); Artur Frojnd, извозник (1927); Hugo Lenard, адвокат (1928); Ernest Maj, трговец (1928) и Abram Paparo, трговец (1929).
Иницијативата за основање на еврејска ложа “Zagreb” во Загреб, беше покрената уште во 1926 односно 1927 година.
На иницијатива од ложата “Srbija” , а особено од неколку нејзини членови во Загреб, на 1 мај 1927 година во ложата беа примени десет загребачки кандидати, а веќе во ноември истата година се зачленија уште девет нови кандидати. Тоа претставуваше камен темелникот за основање на самостојна ложа во Загреб.
Овие дваесет браќа и тројца постари загребачки членови од ложата “Srbija”, во текот на летото и есента 1927 година, одржаа неколку состаноци, со цел подобро да се запознаат меѓусебе и да ги разменат мислењата и искуствата поврзани со еврејскиот проблем. Така што на 20 ноември 1927 година, се осветли ложата, а на функцијата ментор беше именуван рабинот Šland.
Според неговите зборови втемелувањето на ложата “Zagreb” всушност ја потполни празнината на евреите во Загреб, бидејќи не само што се формираше еминентна институција туку тоа претставуваше појдовна точка за започнување на развојот на еврејскиот дух…Притоа, се дозволи Ложата во текот на првата година од своето функционирање да работи во три правци: на каритативно-социјално подрачје, пропалестински акции и на еврејско културно-уметничко подрачје.
Помеѓу загребачките и белградските слободно ѕидарски членови на ложата N.O.B.B. постоеше прецизно разграничена територија на делување, а тоа може да се согледа во писмата испратени од страна на ложата “Zagreb” до ложата “Srbija” во кое се наведуваше постигнатата усмена спогодба дека граѓаните од западниот дел на државата ќе можат да се зачленат во ложата “Zagreb”, додека пак граѓаните од Србија, Војводина, Босна и Херцеговина ќе се зачленуваат во ложата “Srbija”.
Одборот на високите функционери во ложата “Zagreb” во 1927-1928 година беше составен од следните членови: Претседател Milan Švarc, Потпретседател Oskar Špehgler, Ментор Gavro Švarc, Секретар записничар Maksim Štern, Секретар дописник Makso Lederer, Благајник Mavro Kandel, Маршал Makso Bauer и Чувар Vladimir Altman.
Во текот на следниот периодот односно од 1928 до 1929 година, за Старешина на ложата “Zagreb” беше именуван: Milan Švarc, Потпретседател Oskar Špehgler, Ментор Gavro Švarc, Секретар записничар Maksim Štern, Секретар дописник Robert Farkaš, Благајник Mavro Kandel, Маршал Makso Bauer, а потоа David Hercog и Чувар Vladimir Altman.
Од 1929 до 1930 година, високите функционери во ложата беа: Претседател Milan Švarc, Потпретседател Oskar Špehgler, Ментор Gavro Švarc, Секретар записничар Marko Horn, Секретар дописник Sigmund Pordes, Благајник Mavro Kandel, Маршал Oto Hajnrih и Чувар Alfred Bondi.
Во периодот 1930-1931 година Претседател на ложата “Zagreb” беше Gavro Švarc, а на другите функции беа именувани: Потпретседател Beno Štajn, Ментор Milan Švarc, Секретар записничар Hugo Bauer, Секретар дописник Rudolf Rodanić, Благајник Julije Kenig, Маршал Aleksandar Sor и Чувар Lav Stern.
На функцијата Старешина на ложата “Zagreb” во периодот 1931-1932 година, беше именуван Beno Štajn, Потпретседател Marko Kandel, Ментор Gavro Švarc, Секретар записничар Rikard Bauer, Секретар дописник Lavoslav Šik, Благајник Makso Pšerhof, Маршал Teodor Grinfeld и Чувар Rudolf Rozner.
Останати членови во ложата “Zagreb” беа:
Altman Edmund, Bauer Hugo, Bondy Alfred, Deutsch Slavoljub, Eisenstadter David, Freund Matija, Fuhrmann David, Groos Rudolf, Heimbach Lavoslav, Dragutin Herlinger, Hoffmann Vilim, Huber Franjo, Kandel Mavro, Kraus Herman, Poders Sigmund, Rosner Marko, Schneller Šandor, Steiner Aleksa, Stern Maksim, Stern Oto, Tobolski Leo, Wollak Henrik.