Лето е – габите напаѓаат

19 јули, 20110
gabi naslovna

Спречете ги и решете се од габите на кожата и главата.

Топлото и влажно годишно време е погодно за развој на некои микроогранизми, како што се габите. Габичните заболувања, според видот на причинителот, може да се поделат во две големи групи. Првата група се сапрофити, каде што причинителот вегетира на површината на кожата и никогаш не продира во длабочина. Најчест од нив е Pityriasis versicolor, чиј развиток предизвикува зголемено потење на телото . Поради тоа, промените најмногу се локализирани на грбот (посебно меѓу плешките, на рамениците и вратот), на градите и надлактиците, а понекогаш и на скалпот.

Спречете ги габите на кожата

Промените се случуваат на површината на кожата и во лето изгледаат како бледи дамки, а всушност станува збор за светлорозови жаришта во големина на монета до големина на една дланка, мазни или малку лушпести површини, многу често пропратени со јадеж. Во подоцнежна фаза на болеста стануваат жолтеникави или кафеави.

Проблемот е што треба долго да се справувате со тие габи, а се лечат со локални антимикотици, во форма на шампони или гел за туширање. Важно е после капењето добро да се истриете со крпа за да се намалат лушпите во кои се наоѓа причинителот. За да го спречите нивното настанување, подобро избегнувајте синтетичка облека, капење во јавни базени и прекумерно потење, ако воопшто е можно сега на 35 степени.

Габи во скалпот

Во другата голема група спаѓаат дерматофитите, чии причинители живеат во роговидниот слој на кожата, косата и ноктите. Во овие случаи најчести се микроспориите, габични заболувања кои најчесто го напаѓаат скалпот.

Во најголем дел од случаите се пренесуваат преку заразени домашни миленици, кучиња или мачки. Во почеток, промените изгледаат како розово-црвени суви дамки, на кожата каде што нема влакна изгледаат како црвенкаст лишај, со јасни и малку подигнати рабови, а во средината се посветли. На скалпот се забележуваат нешто подоцна, како место на кое е оштетена косата или како место кое изгледа како без коса.

Третман со антимикотици

Во случај ако инфекцијата се занемари и навлезе длабоко во кожата и поткожното ткиво, може да дојде до воспаление со гнојни меурчиња. Заедно со локалната терапија, задолжителни се антимикотици, но само со одобрение од лекар.

Во оваа група спаѓа и Candidosis intertriginosa, која се јавува во областите каде што има триење на кожата – под дојките, во пазувите, препоните, помеѓу прстите на рацете и нозете. Се препознава како јасно ограничено црвенило на кожата, придружено со влажнење. На краевите од црвенилото се гледа лупење, а често може да се приметат и меурчиња со матна содржина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *