Наводно, на Луцијано му било потенцирано да не учествува во промоција на никакви филмови снимени за неговиот живот, бидејќи тоа би привлекло непотребно внимание на мафијата. Но сепак, откако Игеа Лисиони почина од рак на дојка, тој попушти и договори средба со филмски продуцент кој требаше да пристигне на аердромот во Неапол. На 26-ти Јануари 1962 година, Луцијано почина од срцев удар на интернационалниот аеродром во Непал. Откако ја отслужи затвроската казна во 1946 година, Лучијано беже депортиран. Од тие причини му беше одбиена молбата за влез во САД, но по неговата смрт, желбата му се оствари. Тој беше погребан во Св. Џонс гробницата во Квинс. Повеќе од 2000 ожалостени беа присутни на неговиот погреб. Неговиот долгогодишен пријател Карло Гамбино одржа говор на погребот.
Карло Гамбино беше единствениот шеф кој покрај Лучијано, има комплетна контрола над комисијата и практично над секоја мафијашка фамилија во САД. За разлика од многу италијански гангстери, Лучијано, во периодот додека полека се качуваше највисоко на скалилото, беше подготвен да соработува со многу Евреи. И покрај тоа што не го почитуваа многу заради тоа, сепак се исплатеше многу. Со помош на неговите Еврејски соработници, тој повторно ја претвори мафијата во најмоќно синдикално здружение кое било видено дотогаш во САД и во истиот тој момент, ја предвиде златаната ера на Италијанско-Американската Мафија.
Преседанот на Лаки Лучијано се огледа во убиствата на двајцата највлијателни и најозогласени шефови Џо Масериа и Салваторе Маранзано. На самиот врв од неговата криминална кариера, влијанието на Лаки Лучијано станува толку моќно, што дури се проширува на владата на САД која преку ФБИ, бара помош од него и за време на нападот врз Италија за пораз над Мусолини во Втората Светска војна.
Неговиот допридонес доведе и до неговото ослободување од затворската казна во Фебруари 1946 година.
Често кога се зборува за популарните заштитници на мафијата и нивната историја, се развива дебата околу тоа кој е поголем во однос на Лучијано и неговиот истовременик Ал Капоне.
Многуте општо познати подвизи на Ал Капоне во Чикаго, прават да биде еден од најпознатите мафијаши во Американската историја, сепак, стои фактот дека Капоне никогаш немаше влијание над останатите мафијашки фамилии – нешто во што Лучијано успеа да направи додека ја создаде и ја водеше комисијата.
Земајќи го во предвид самиот факт дека тој беше водач на Мафијата во периодот кога постоеа мафијаши како Алберт Анастасија, Франк Кастело, Маер Ленски, Багзи Сигел, Томи Лучезе, Карало Камбино и Вито Џеновезе, Чарлс Лаки Лучијано многумина го сметаат како најмоќниот шеф на мафијата на сите времиња.