Лудиот си правел “журка“ на островот, убивајќи деца! Полицијата дошла 90 минути покасно! Брука!

popara24 јули, 20111min00
323094-anders-behring-breivik

Полицијата пристигнала на островот каде се случи маскрот дури час и половина, откако напаѓачот го отворил оганот, бидејќи, наводно тие немале брз пристап до хеликоптер, а неможеле ни да најдат брод кој ќе ги однесе до местото одалечено неколку стотина метри. Напаѓачот се предал кога полицијата пристигнала,  но веќе 82 лица биле убиени.

Во саботата полицијата изнесе детали за тоа колку долго траел теророт и колку долго жртвите чекале за помош.

Во двата напади повеќе од 92 лица загинаа, а полицијата го обвинува единствениот осомничен 32 годишниот норвежанец Андерс Бехрин Бревик.

Адвокатот на обвинетиот за прв пат изјавил дека неговиот клиент изнел коментари за неговите мотиви, но адвокатот несакал се уште да ги изнесе пред јавноста.

Специјална единица била испратена на островот за повеќе од 50 минути откако  некои туристи се јавиле да кажат дека слушнале пукање кај езерото.

Најмалку 85 лица загинаа на островот, а полицијата соопшти дека четри или пет лица се водат за исчезнати.

Нуркачи го пребаруваат езерото во близина, бидејќи полицијата смета дека исчезнатите се удавени. Нападот на островот се случил веднаш по експлозијата на подметнатата бомба во близина на зградата на Владата во Осло.

Полицијата признала дека немала многу информации за осомничениот, но детали за неговиот живот вчера почнаа да излегуваат н а виделина: тој имал врски со десноориентираната партија, постирал на христијански фундаменталистички веб сајтови и имал фарма каде било најдено големо количество ѓубриво, од кое се мисли дека веројатно правел експлозиви.

Премиерот Јенс Столтенберг оваа трагедија ја нарекол најкрвавиот ден во историјата на Норвешка.

“Ова е несфатливо. Ова е кошмар. Ова е кошмар за оние кои беа убиени, за нивните мајки, татковци, семејства и пријатели“, додал премиерот.

Кралот Харалд V, вети дека вредностите во НОрвешка по овој настан нема да се променат.

“И понатау сум убеден дека верувањето во слобода е посилно од стравот. И понатаму сум убеден дека Норвешка е столб на демократијата, да се живее слободно и безбедно во сопствената држава“, изјавил монархот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag