Македонските кралеви од Аргејците и Антигонците – II дел

29 јуни, 20110
Ancient-Macedonian-Shield-800x600

Грците ги присвојуваат имињата на своите освојувачи

Херодот, во интерес на вистината сакам да речам дека поради интересите на Грците изоставил да напише дека Теменидите биле македонско семејство уште пред Македонците да ја освојат Тесалија, а за да ја злоупотреби на тој начин Арголида, рекол дека не е исклучено тоа семејство да потекнува од Еге (Воден).

Во подоцнежната историја до денес не отсуствува ниеден настан кој ги докажува постојните празнини што се родиле од различноста на македонските и грчките племиња, што е докажано и од официјалната грчка држава.

Да ги потсетам Грците дека и нивното име не е нивно, туку е присвоено (Елини, Грци) во мрачните темни години (750 г.п.н.е.). Името кое им припаѓа на Грците е: Пелазги, Морајти, кои прагматично ги напуштиле земајќи ги потоа имињата: Ахајци, Доријци, Грци. И последно Ромејци. Тие секогаш ги присвојувале имињата на оние од кои биле освоени и така во текот на историјата се нарекувани со различни имиња.

А обратно, Македонците отсекогаш (дури и пред 1500 години п.н.е.) го одржале и задржале своето име Македонци (Исиод, 700 г.п.н.е.), а Хомер ги викал Македни. Според други стари писатели, името Аргејци е семејно презиме и не произлегло од местото. Мешавината Пелазгијци името Македонци и Македонија се обидувале и се уште се обидуваат да го превртат и присвојат, со единствена цел славата на Македонците да ја присвојат и да се китат со неа. Грчките антички писатели со приказни и митови сакаат да го уверат светот и себе си во лагите што ги измислуваат, односно ги измислиле нивните претходници.

Пердика се смета за прв крал на Македонците, а според Херодот не бил Македонец. Другите кралеви пред него не ги познавале, но не можеме да го исклучиме нивното постоење изгубено во времето до првиот крал Аргео. Аргео ни го претставува Херодот како син на Пердика, а е многу чудно како династијата Аргејци се именува според синот, а не според таткото. Од тоа произлегува дека тоа со Пердика е измислица со цел да се прикажат Аргејците од Македонија како Аргијади, според Еврипид, од Пелопонез.

Во Голишани откриени два антички гроба

Со векови во паметењето на луѓето од воденскиот „Лак“, кои ја обработувале земјата по наследство како мали и сиромашни земјоделци, во тој рај е македонската татковина каде, како што велеле, од генерација на генерација се наоѓаат и гробовите на македонските кралеви. Пердика на својот син Аргео му го покажал местото каде што треба да биде погребан и му рекол: „Македонското кралство (царство) ќе продолжи да постои се додека гробовите на кралевите се одржуваат непознати на светот“. Го слушавме ова уште во нашите мали години, тоа се предаваше од генерација на генерација, од нашите почитувани родители и старци, и дека Филип II е погребан  во лагот помеѓу две реки, како што Индусите ги погребувале нивните кралеви. Уште ни велеа родителите да не се доближуваме до гробот, да не бараме каде се наоѓа, бидејќи штом ќе го видиме мртвото тело и неговите големи очи веднаш ќе умреме.

Овие работи ни ги раскажуваа луѓе сосема неписмени, без да го познаваат писмото и читањето, кои немаа поим од историјата на Македонија. Тие луѓе прости ниту чуле за женствениот Демостен, ниту за софистот Сократ, ниту за екс робот Платон, ниту кој е Филип или Александар, но само го паметеле расказот од претците што од уста на уста се предавал на поколенијата. Тоа беа чисти пренесувачи на заповедта (аманетот) на првиот историски македонски крал Пердика. Тоа задолжение и наредба на Пердика се потврдува со фактот дека во Еге ниеден гроб на крал не е пронајден до денес, освен еден кој се смета дека е на Филип и кој бил ограбен од Римјаните, велеа старите во имотот на Атанас Газеп, син на Никола, а потоа имот на Васил, син на Атанас, во местото „Мирџанка“, топоним во лагот, а синоним на истоимениот извор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *