‘Меси овој пат не ја заслужи Златната топка’

slobodan11 јануари, 20111min00
messi_6_1024x768

Жозе Мурињо и Икер Касиљас верувале дека наградата за играч во 2010. година ќе замине во рацете на Чави или Иниеста. Иако не ја освои ниту Лигата на Шампионите, ниту Светското првенство во фудбал, Лионел Меси стана најдобриот играч во 2010. година и ја доби Златната топка. Така одлучија селекторите и капитените на репрезентациите и новинарите, за што пресудни беа огромниот број постигнати погодоци од Аргентинецот и мноштвото убави потези. ”Го знаете моето мислење, за мене Чави, Иниеста и Меси се играчи од друга планета. Но, ќе ми беше подраго наградата да ја добијат Чави, Снајдер или Диего Милито. Најдраго ќе ми беше наградата да им припадне на Милито или Снајдер поради игрите кои ги прикажаа во дресот на Интер. А за Џави мие жал. Ова е нешто што сигурно го боли.” – го прокоментирал изборот Жозе Мурињо за шпанските медиуми. Голманот на Интер Икер Касиљас исто така се надевал дека наградата ќе му припадне на некој од неговите шампионски колеги од репрезентацијата:”Се надевав дека наградата ќе ја добие Шпанец. Од друга страна, Меси и Роналдо се најдобрите играчи на светот. Такви награди секогаш предизвикуваат контроверзи. Мислевме дека Снајдер ќе биде меѓу тројцата финалисти. На крајот гласовите се тие кои одлучуваат.” – заклучил Касиљас.
Љубителите на фудбалот исто така имаат поделени мислења: Меси беше сјаен во 2010. година, поединечно можеби и најдобар, но трофеите им припаднаа на други. Снајдер, Џави и Иниеста имаа уште подобра и поуспешна сезона.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma