Милена Дравиќ е лезбејка, а Кустурица ја „клецка“ Лепа Брена

18 август, 20110
naslovna

Милена Дравиќ и Соња Савиќ се љубовници кои се запознале на снимањето на филмот Una, а бракот на Милена со Драган Николиќ служи само како параван пред јавноста. Емир Кустурица и Лепа Брена се во тајна врска, ама Емир несака јавно да признае бидејки се срами од Брена. Кавгата помеѓу Бата Живоиновиќ и Дино Дворник е измислена со цел да се сокрие фактот дека Дворник му е син на Бата Живоиновиќ.

Вака режисерот Оливер Фрљиќ ја замисли алтернативната реалност на поранешна Југославија, а својата визија ја преточи во претставата насловена како„Лексикон на ЈУ митологија“. Овој амбициозен проект ќе биде претставен на љубљанскиот фестивал Ex Ponto, а во негова копродукција учествуваат шест земји од поранешна Југославија

„Претставата ја темелиме на алтернативни биографии за личностите кои се величаат во Лексиконот, за на тој начин да создадеме една паралелна потсвест која ќе ги надмине стереотипите за поранешна Југославија и начинот на кој се сеќаваме на нив“ – вели Фрљиќ.

 

Режисерот вети дека претставата ќе биде сурова, но таква и треба да биде за да се срушат митовите за поранешна СФРЈ. Едно е сигурно – доколку алтернативната реалност на Фрљиќ беше вистинска, ќе имавме многу повеќе сочни детали за објавување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *