Најдолгиот брак на светот!!! Буквално цел живот заедно :)))

popara11 септември, 20111min00
naslovna

Херберт Фишер и неговата сопруга Зелмира Фишер влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најдолго венчана двојка во светот. Верувале или не, бракот на Фишерови, заклучно со 27 февруари 2011, кога беше внесен нивниот рекорд, трае неверојатни 86 години, 9 месеци и 16 дена.

Херберт кој е роден во 1905 година, вели дека нема тајни во бракот со Зелмира, која е родена во 1907 година. Херберт и Зелмира сеуште се сакаат, па затоа во 2010 година делеа љубовни совети на Твитер за св. Валентин.

Херберт и Зелмира се познаваат цел живот, уште од основно училиште. Тие се родители на пет деца, велат дека имаат добар брак и дека, иако иако припаѓаат на различни цркви, тоа воопшто не им претставува проблем да бидат среќни.

Како совет за останатите двојки во светот, Херберт и Зелмира препорачуваат меѓусебна почит, верност и доверба. Секоја чест за оваа двојка, им посакуваме уште многу години среќен заеднички живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma