Најголемите пештери во светот… „Мелем“ за спалеолози :)))

26 октомври, 20110
jewel-cave

Ретко што може да се мери со убавините на подводните пештери. Прекрасните бои, глетки и вистинската авантура е она што ги мотивира спалеолозите да тргат во истражување на пештерите. Ви ги претставуваме петте најдлабоки пештери на светот, вистинско уживање за сите спалеолози и авантуристи:

Мамутската пештера: најголемата пештера на светот се наоѓа во Кентаки, САД. Оваа пештера ја открил Френк Хучин кој живеел во друга пештера во близина. Пештерата, која е долга неверојатни 630 километри и се наоѓа во склоп на Mammoth Cave National Park, оформен во 1941 година.

Пештера на скапоцени камења: Втората најголема пештера на светот ја посетуваат во просек неверојатни 109.000 луѓе секоја година. Оваа пештера, која е долга 244 километри, се наоѓа во Јужна Дакота, САД. Пештерата е откриена во 1900 година, а во моментот важи како една од главните знаменитости на САД.

Оптимистична пештера: Оваа пештера, која се најде на третото место на оваа листа, се наоѓа во областа Тернопил во Украина. Таа е долга 225 километри и е најголемата пештера од гипс во светот.

Пештера на ветрот: Четвртата по ред најголема пештера на светот, која исто така се наоѓа во Јужна Дакота, САД, е долга 219 километри. Оваа пештера има преку 500.000 посетители секоја година.

Пештерата Лечугиља: Оваа пештера се наоѓа во Њу Мексико и е долга 203 километри. Во пештерата ќе најдете гипс, сулфур, спалеотеми, хидро-магнезиум и многу други нешта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *