Најубавиот храм на Буда – Пагода Шведагон

popara1 јули, 20111min00
naslovna buda

Во најубавата градба посветена на Буда се наѓа и неговата најдрагоцена реликвија. Во дијамантски ковчег е сместена и коса од самиот Буда. Овој храм ги прави многу од светските чуда скромни. Како огромен рид од злато расте во 170м висока пагода (повисока 14 м од катедралата во Келн).

Неа ја изградил крал Миндон Мин, кој важи како дарежлив владар на Индиското кралство. Во 1871 наредил куполата да се поплочи целата со злато. Врвот е украсен со илијадници драгоцени камења, рубини, смарагди, дијаманти. А најгоре се наоѓаат стотини златни и илјадници сребрени ѕвончиња. Сето тоа богатство е израз на едно посебно духовно уверување за будизмот, религија во која материјалната вредност е подредена на духовната. Сите пагоди во Бурма се направени од разни богати верници, и денес не е реткос да пред смрт богат Бурманец изгради пагода. За Шведагон е направена 55м висока земјена тераса, така да го надвиснува целиот простор од површина 65000м2. Сверштениците влегуваат боси во светилиштето од самиот почеток на терасата каде се е шарено од огромниот пазар, каде се продаваат мали златни листови. За нив многу фамилии штедат со години да ги купат за среќа и залепат на ѕидовите од пагодата, така да златниот сјај на неа нема да исчезне уште многу време.

Бурманските пагоди се во облика на звона со куполи како и Шведагон во чија градба нема ни една пукнатина, дури има и старо предание дека некој крал наредил да се убие ѕидарот зашто открил дупка гоелма колку игла. Тоа е поради верувањето дека телото на тој што дал налог за градба на пагодата и самата таа имаат магичен однос. Грешка во градбата е болест за господарот на градбата.

Бурманците се доселиле во 9 век на денешното Бурманско подрачје од граничните предели меѓу Кина и Тибет. Тогаш не биле будисти туку верувале во „нати“ мали џаволски народ од шумски и водени духови. Киповите на најмоќните нати се сочувани на ридот Попа, што бил кратер целиот обраснат со цвеќе. Народот го викал „Златен Рид“ или „Цветен рид“. Во самите стубови на пагодите во Бурма с еверува дека се уште живеат спомените на тие духови.

Бидејќи не сакале да се одвојат од своите нати и во пагодата Шведагон има во сите агли кипови од нив, се верува дека лебдат се уште тукаи влијаат на човековата судбина. За да им о привлечат луѓето вниманието им ѕвонат на тие мали ѕвончиња на терасите од храмот. Таму се наоѓа и најгоелмот залтно ѕвоно во светот, тешко 25 тони. Покрај веселите нати има стотина ликови од Буда од сите драгоцени материјали. Седум од овие скулптури се посветени по седумте планети. На врвот се осеќа мир и медитација и исполнетост од полно свештеници во портокалови наметки , кои ги мрморат филозофските животни мудрости во тишината на златната пагода.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag