Најуспешните жени во Холивуд ja откриваат “рецептата” за семејна среќа

25 октомври, 20110
s j parker

Како богатите и познатите успеваат да ги одржат своите бракови? Во денешнава статија ќе откриете како Анџелина Џоли, Бионсе, Викторија Бекам и Гвинет Полтроу  успеале да ја одржат семејната среќа. Ѕвездите ретко се радуваат на среќни брачни сојузи. Многу од кино ѕвездите и славните пејачки споделуваат дека им е навистина многу тешко да имаат успешна врска и дека славата и кариерата им го уништуваат приватниот живот.

Примери за неуспешни холивуски бракови и врски има многу, но има и такви кои успеваат да ја одржат љубовта и бракот со години.

Погледнете ги  советите на најуспешните жени во светот за успешна врска и среќен брак:

Анџелина Џоли е во врска со Бред Пит повеќе од 6 години. Таа тврди дека се потребни големи напори за да се одржи романтиката во врската, особено кога куќата е преполна со деца. Таа ни открива дека повремено го изненадува својот сопруг со романтична вечера само за нив двајца, со свеќи и вино. Другиот важен совет на Џоли упатен кон сите жени гласи:” Кога бројот на децата во семејството почна да се зголемува, ги исфрлив сите фармерки од мојот гардеробер и решив дека нема да го запоставувам мојот изглед!  Со 6 деца е многу лесно да заборавиш дека си жена!”

Гвинет Полтроу вели дека воопшто не е лесно да продолжите да се сакате кога веќе страстите почнуваат да се ладат, но со повеќе упорност и желба се може да се поправи. Наскоро таа изјави дека ќе го намали бројот на улоги и ангажмани со цел да посвети повеќе време и внимание на нејзините две деца и сопругот.

Сара Џесика Паркер извесен период имаше проблеми во бракот но успеа да го одржи. Во едно интервју за “Vogue”, ѕвездата изјавила дека кључот за нејзиниот успешен брак е трпението и компромисите. “Има многу поважни нешта за кои треба да размислуваме и да ги решаваме, отколку тоа да си го распарчуваме бракот на атоми! “-вели таа.

Бионсе вели дека за неа бракот е борба како и се останато. “Човек треба да се бори за се што мисли дека вреди! Треба да се бориме за врската, за кариерата, за тоа да сме секогаш во форма…Се е борба но вреди! “Бионсе е во брак веќе 4 години и засега добро и оди.

Викторија Бекам се запознава со славниот фудбалер во 1997 година и 2 години покасно стапуваат во брак. Семејната среќа неколку пати им беше разнишана од скандалите поврзани со неверството на нејзиниот сопруг. Каква и да е вистината, дали е само клевета или не, Викторија со стиснати заби преживеа се и не подаде документи за развод. После секој ваков скандал, таа соопштуваше дека е бремена. Рецептата за семејна среќа на госпоѓа Бекам е:” Сакај го својот сопруг, не верувај на трачевите, простувај, биди посветена мајка и никогаш не го запоставувај својот изглед!”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi